1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Италија не е на повидок нова влада

Во Италија цели пет недели по парламентарните избори е целосно неизвесно дали и кога ќе биде формирана идната влада. Претседателот Џорџо Наполитано е исто така без решение.

Разговорите во Рим меѓу италијанскиот претседател Џорџо Наполитано (фотографија горе) и лидерите на најголемите партиски коалиции околу формирањето на новата Влада остана без резултат. 87-годишниот шеф на италијанската држава поради тоа замоли за време за размислување. Претходно лидерот на коалицијата на левиот центар Пјер Луиџи Берсани објави дека неговите обиди за формирање на владина коалиција пропаднале. Десно-конзервативниот поранешен премиер на Италија, Силвио Берлускони пак уште еднаш се заложи за формирање на голема владина коалиција заедно со левицата, за да се најде излез од политичкиот ќорсокак, во кој се најде земјата по парламентарните избори. Коалицијата на левиот центар меѓутоа повторно ја отфрли таквата можност. Енрико Лета, заменик лидер на Демократската партија, чиј лидер е Пјер Луиџи Берсани, рече дека нема да е соодветно партијата да ги обедини силите со Берлускони и најави дека дека Демократската партија ќе го поддржи секој избор на шефот на државата Наполитано.

И популистичкото протестно движење „Пет ѕвезди“ на комичарот Бепе Грило останува на својот став дека не сака никому да му изрази доверба во парламентот.