1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Во исчекување на мечот на годината

Актуелниот шампион против рекордерот по титули во директен дуел на 11. април ќе решаваат за годинешниот првак во Бундеслигата. Такви се барем еуфоричните најави...

Фудбалската треска која во моментов владее меѓу љубителите на фудбалот во Германија потсетува на онаа пред „Ел Класико“ - дербито меѓу Барселона и Реал Мадрид во шпанската Примера дивизија. Еуфоријата расте од ден во ден, се слушаат изјави и се читаат најави во медиумите како на пример „Празник на фудбалот“, „Дуел на гиганти“, „Меч за кој се живее“. Дербито меѓу бранителот на титулата во Бундеслигата, Борусија Дортмунд и рекордерот по шампионски титули Бајерн Минхен згора на тоа е меч кој може директно да го реши првакот сезонава. Борусија од Дортмунд која во последните три меча славеше против Баварците со победа може да ја зголеми предноста на недостижни шест поени со уште четири кола до крајот на сезоната. Победа за Бајерн пак ќе значи неизвесна трка до самиот крај на првенството.

Речиси половина милион нарачки за карти

Fußball, 1. Bundesliga, Saison 2011/2012, 13. Spieltag, FC Bayern München gegen Dortmund

„Сакаме да понудиме спектакл на 80 илјади навивачи“, порача тренерот на Борусија Јирген Клоп осврнувајќи се на мечот со Бајерн, по победата од 3:1 на гостувањето во Волфсбург во последното 29. коло.

На стадионот Сигнал Идуна Парк собира условно кажано само нешто повеќе од 80 илјади гледачи (инаку најмногу во Бундеслигата), што е премалку за околу 450 илјади луѓе кои во фудбалскиот клуб од Дортмунд испратиле нарачка за карта за мечот.

Баварците самоуверено ќе излезат в среда на теренот во Дортмунд со оглед на остварените девет победи едноподруго во сите натпреварувања. Од друга страна Борусија цели 23 натпревари е без пораз во Бундеслигата. Спортскиот директор на Бајерн, Кристијан Нерлингер е сепак убеден во победа на неговиот тим: „Тоа за сите љубители на фудбалот ќе биде голем празник. Се среќаваат две најсилни екипи сезонава. Уверен сум дека конечната битка за титулата ќе ја решиме во наша полза“.

Се’ друго во сенка на претстојното дерби

Fußball Bundesliga 24. Spieltag 2010/11 FC Bayern München Borussia Dortmund

Бајерн во 29. коло оствари како што се нарекува „работна победа“ против Аугсбург со 2:1. Стерелец на двата гола беше супер-напаѓачот Марио Гомез.

Но два гола во победата против Волфсбург постигна и Роберт Левандовски за Борусија (Д). Во исчекување на мечот на годината тотално во втор план во фудбалска Германија падна исходот од останатите мечеви во 29. коло, но и битките за пласман во еврокуповите и за опстанок.

Во неделните натпревари имено третопласираниот Шалке со 3:0 го порази Хановер, а загрозениот од испаѓање Хамбургер и претендентот за настап во Лига Европа Баер Леверкузен одиграа без победник 1:1.

Во останатите натпревари беа постигнати следниве резултати : Фрајбург – Нирнберг 2:2, Кајзерслаутерн – Хофенхајм 1:2, Штутгарт – Мајнц 4:1 и Келн – Вердер 1:1 и Борусија Менхенгладбах – Херта 0:0.