1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Иран обесени двајца осудени шпиони

Двајца Иранци, осудени за шпионажа во полза на Израел и САД, се егзекутирани утрината во Иран, соопшти локалното државно обвинителство, а веста ја пренесоа иранските државни медиуми.

Две лица осудени на смртна казна поради шпионажа денеска беа обесени во Иран. Мохамад Хејдари е осуден за тоа дека за пари му предал класифицирана информација на израелското разузнавање Мосад, а Корош Ахмад за предавање на разузнавачки податоци за Иран на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА).

Иран редовно соопштува дека фатил лица обвинети за шпионажа во полза на САД, Велика Британија и Израел. Техеран ги обвинува израелските и американските разузнавачки служби дека стојат зад атентатите, извршени во последните години врз ирански научници, кои се занимаваат со нуклеарни истражувања. Минатата година во Иран беше егзекутирано едно лице истотака осудено дека шпионирало во полза на Мосад.