1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во Иран - избирачка апатија

Во Иран почнаа парламентарните избори, кои се спорни поради исклучувањето од изборната трка на стотици реформски ориентирани кандидати. Веќе долго е јасно дека реформистите ќе загубат, зашто Советот на чуварите на револуцијата не попушти во своите намери и одлуки. Но, реформските сили во иднина ќе мора да се откажат и од досега нивниот најважен сојузник - претседателот Катами. Апатијата на иранското население, можеше добро да се види во деновите пред изборите. Се чини луѓето не троеша многу мисли за претстојните избори. Младите, кои некогаш, им помогнаа за победа на реформските привразници на претседателот Катами, се движат низ монендските улички на северен Техеран до доцна во ноќта и седат во Фаст Фуд рестораните направени по западен урнек. Притоа не бараат предизборни собири. Повеќето Иранци се чини немаа потреба да бидат повикани на апстиненција. За нив веќе со недели е јасно дека ова нема да бидат вистински избори и дека нема смисол да се даде својот глас. Во преку 100 изборни единици настапува само по еден единствен кандидат, и таму нема што да се избира. Но, и онаму каде што има по неколку кандидати, нема вистнски избор. особено по одлуката на Советот на чуварите на револуцијата за исклучување од изборната трка на речис една третина од првично пријавените осум илјади кандидати. Морад Ваиси, главен уредник на весникот Јасех Нон и пратеник на најголемото реформсо движење "Мушарекат", вели: "Не е проблем уставот. Проблемот лежи во однесувањето на Советот на чуварите на револуцијата. Ние сметаме дека уставот дозволува слободни избори, но советот вели дека изборите мора да се одвиваат во два чекори - прво кандидатите ги избира Советот, а потоа народот може да бира меѓу тие што останале." Затоа, според Ваиси, решение не е поделба ан религијата и државата, туку поделба на религиозното од политичкото раководство: "Религијата не е моја идеја, ниту на господин Јанати, ниту е идеја на лидерите или пратедателот. Религијата е идеја на пророкот Мухамед." Реформистите се разочарани од претседателот Катами, кој останува на функција до следната година: "Однесувањето на господин Катами е слично на она на конзервативците. Господин Катами имаше 22 милиони избрачи, но по осум години не не радува неговото однесување. "