Во Ирак секојдневно има киднапирања | Свет | DW | 15.03.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Ирак секојдневно има киднапирања

Од соборувањето на диктаторот Садам Хусеин во мај 2003-та па до денес во Ирак беа киднапирани повеќе од 200 странци.

Киднапираната Сузане Остхоф имаше среќа

Киднапираната Сузане Остхоф имаше среќа

Меѓу нив имаше новинари, деловни луѓе, соработници на хуманитарни организации. Некои од нив беа убиени, другите беа пуштени на слобода, најверојатно по исплата на големи суми пари, иако тоа официјално никој не го признава. Но, случаите на киднапирање најчесто се поврзани со Ирачани и тогаш најчестата мотивација за нив е заработувачката. Карстен Кинтоп подготви бекграунд на оваа тема.

Точни бројки нема, но проценките се движат од 10 до 20 случаи на грабнување секој ден во Ирак. Ирачаните киднапираат сонародници од разни мотиви, понекогаш се во прашање соседски конфликти, друг пат судири меѓу припадници на разни племиња, трет пат на разлчини религиозни групи. Но, најчесто станува збор за пари и тоа не мали за ирачки услови: од 10 до 20.000 евра, а во некои случаи и до 100.000 може да се движи цената за пуштање на слобода на грабнатите.

Александар Кристоф, поранешен соработник на хуманитарната организација “архитектите за луѓе во нужда“ е свесен за опасноста што ги демнее странците во Ирак:

“Секој кој има работа со Ирак знае колкави се ризиците и секој мора да се реши дали ги прифаќа или не. Знаеме дека Ирак е една од најопасните земји во светот.“

Но, тој е цврсто уверен дека присуството на странците во оваа земја е од огромна важност:

“Ако сакаме нешто сериозно да постигнеме во Ирак , тогаш мора да има таму странци, меѓу нив и Германци.“

Во Ирак всушност не би смеело воопшто да има германаски хуманитарци. Од околу 100-тината германски граѓани кои во моментов престојуваат таму, најголемиот број се Ирачани со германски пасош или пак Германци оженети со ирачки партнер.

Кога некој од нив или од некоја друга западна земја ќе се најде во заложништво, тогаш сумите бргу се искачуваат до милионски висини. Но, ниту една влада не го признава тоа. Причината е да не се поттикнуваат слични акции. Затоа никогаш нема да дознаеме дали биле исплатени пари за ослободувањето на Германците Сузане Остхоф во ноември 2005-та и двајцата инжењери Рене Бројнлих и Томас Ничке во јануари 2006-та.

Германската влада во сите случаи постапи на истиот начин: организираше кризен штаб при Министерството за надвреошни работи во Берлин, чија главна задача беше да вопостави контакт со грабнувачите. Потоа натамошната комуникација се‘ до ослободувањето одеше преку посредници. Од почетокот на Ирачката војна до денес беа киднапирани петмина Германци, кои беа ослободени.