1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Ирак грабнати петмина Британци

Првите вчерашни информации на арапските медиуми дека меѓу петтемина грабнати има тројца Германци се покажаа погрешни

Ирак - опасно место за живеење

Ирак - опасно место за живеење

Британското министерство за надворешни работи синоќа во Лондон соопшти дека петтемина грабнати странци во Ирак се граѓани на Велика Британија. Дело на криминалци или на Ал Каеда? Кои се грабнувачите и што сакаат? – Со овие прашања се занимава кризниот штаб на британската влада кој заседава непрекинато.

На маргините на посетата на Либија, британскиот премиер Тони Блер синоќа рече дека ќе биде направено се’ што владата може да преземе за да помогне во оваа ситуција. Министерството за надворешни работи било во контакт со ирачките власти, покрај другото, и за да испита каде се наоѓаат грабнатите.

Џон Вилијамс, поранешен раководител во Министерството, во телевизиско интервју рече дека владата никогаш не размислувала за плаќање откупнина, ниту за преговори со грабнувачите: “Ако станува збор за политички мотивирано грабнување, тогаш сторителите кога и да е ќе излезат со барања. Но, британската вада не преговара. Овде може да биде и нешто сосем друго – на пример, уцена. Ако е така, тогаш од кого сакаат да изнудат пари? Од британската влада, или од ирачката?"

Британските медиуми шпекулираат дека грабнувањето може да е дело и на некоја одметната полициска единица, или пак на шиитски милиции, кои дејствувале по наредба од Техеран. Ништо не се исклучува.

Во однос на грабнатите сигурно е дека најголемиот дел се приватни лица за обезбедување. Во Ирак денес има околу 10 илјади такви, многумина од нив се поранешни припадници на британската армија, привлечени од добрата плата. Но, ризиците за тие луѓе се енормни, смета Робин Хорсфал, ветеран на единицата на британските специјалци САС: “Ирак е мнбогу поопасен за приватните лица за обезбедување, отколку за војниците. Тие немаат на своја страна обучени другари кои можат да им дадат тактичка помош. Понекогаш дури откако ќе дојдат во земјата дознаваат за кого ќе работат”.

Судбината на петтемина грабнати многу зависи од тоа во чии раце се. Сунитските групи на Ал Каеда во минатото повеќе пати погубија западни заложници, меѓу нив и двајца Британци. За шиитските групи е познато дека оставаат и маневарски простор за политички преговори.