1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Во име на љубовта со чаша вино

Западната и источната христијанска црква денеска ги слават своите светци. Православните - Свети Трифун, заштитникот на полињата, посевите и лозјата, додека католиците - Свети Валентин, заштитникот на вљубените.

default

И двајцата светци живееле во третиот век, и двајцата се погубени затоа што не сакале да се одречат од христијанството. Во текот на историјата, на судбината на овие личности се надоврзале многу легенди.За Свети Трифун се вели дека ја излекувал ќерката на царот Гордијан кој владеел од 238 до 244 година, а за Свети Валентин дека од затворот на своите пријатели им испраќал пораки „Ве сакам„ и „Сетете се на вашиот Валентин“.

Друга легенда зборува дека Валентин скришум ги венчавал

Wein an der Mosel Riesling Trauben

Лозарите традиционално го одбележуваат Свети Трифун, надевајќи се дека светецот ќе им помогне грозјето да биде благо, а бочвите полни со вино

младите Римјани и покрај царската забрана, бидејќи на царот му требале невенчани војници. Легендите се пренесувале, се менувале, се додавало, а исто се случувало и со обичаите. Заштитникот на лозјата, Свети Трифун на различен начин се слави на повеќе места во Македонија. Но, како што се менуваат обичаите кај постарите така се менуваат и кај младата генерација. Свети Валентин од пред неколку години го прифатија и младите од Македонија, не размислувајќи многу за историјата, обичаите и корените на празникот. За нив, денешниот ден е Ден на вљубените. Дел од постарите велат:

„Според мене треба да го слават, си подаруваат подароци, весели се, повеќе го почитуваат Свети Валентин отколку Свети Трифун. Овој празник е убав и не ми пречи што младите го слават.“

Не е битен подарокот, важно е вниманието!

Свети Трифун го слави постарата генерација, а помладите го слават Валентин. Не е битен подарокот, најбитно е некој да ти покаже внимание, велат младите од Прилеп.

За празникот да влезе на голема врата улога имаат и трговците. Тие го продаваат она што се купува. Со искажаната љубов одат и подароците, така што излозите се преполни со црвени срца, со испишани љубовни пораки, плишани мечиња и црвени рози.

28.10.2005 pz liebe

Свети Валентин - шанса да се укаже меѓусебно внимание

Комерцијализација

Во последно време и двата празника се искомерцијализирани, вели Елизабета Митреска - повеќе Денот на вљубените, отколку Свети Трифун. Постарата генерација е за зачувување на традицијата. Величе и Раде Лесновски се родители на двајца тинејџери. Не им пречи што нивните деца нема со нив да појдат да го слават Свети Валентин, но сепак мислат дека православните христијани имаат свој празник на љубовта.

„Тодорова сабота е денот на вљубените кај нас, особено во селата. Младите излегуваат, се вљубуваат, се гледаат на огледалце и не знам зошто младите сега го прифаќаат овој

BdT Valentinstag

Што да се одбере за некому да се каже „Те сакам“?

празник кога ние имаме свој“, смета Величе, а Раде додава:

„Младите сакаат да си најдат повод да си обрнат внимание. Не сум против, не би им забранил да го слават, ниту го негирам, ни го поддржувам овој празник, но сепак мислам дека Тодорова сабота е наш празник.“

Добра шанса да се изразат чувства

Сепак, и за младите и за постарите нема ништо лошо во тоа на овој ден да се искажат чувствата , опиени од љубов или пак од вино.

„Не сум толку против што се пробива кај младите, но се знае местото на традициите - Свети Трифун останува вкоренет во живеењето овде, но треба да се разгараничат тие работи. Во секој случај треба да се најде ден на љубовта, тоа е добар повод за младите да си укажат внимание и да си ги искажат своите чувства.“

На крајот, денешниот ден секој ќе го прослави според свите убедувања и чувства. Некои на лозјата и со чашка вино, некои изговарајќи ги Валентиновите пораки.