1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во иднина снимање на операциите во Македонија

За да нема повеќе неосновани обвинувања дали станува збор за лекарска грешка при одредени случаи се ќе се снима, најави денеска (26.05) министерот за здравство Никола Тодоров.

Македонскиот министер за здравство, Никола Тодоров го промовираше Правилникот за снимање на медицински интервенции и чување на снимките. Задолжително ќе се снимаат специфичните случаи, операции кои ретко се прават и интервенции за кои има мал број на обучени доктори. Ќе се снимаат сите ендоскопски и лапароскопски интервенции, а по барање на докторите специјалисти може да се снимаат и други.

Правилникот ќе стапи во сила од 15 септември годинава. Снимките од ваквите интервенции ќе се чуваат во посебна база. Материјал од базата може да се издаде по барање на надлежните институции, како Судот или по барање на специјалисти. Истите ќе им служат и на студенти и специјализанти по медицина за совладување на техниките.

Оние директори кои нема да го почитуваат ова правило ќе сносат големи казни од парични, до една година затвор.