1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Во знакот на Црвениот Крст

Ниту една хуманитарна организација не е толку позната како Црвениот крст. Повеќепати му е доделена Нобеловата награда за мир. Спорно секогаш беше неговото име - како главно христијански симбол.

„Земјата е потопена во крв и претрупана со непрепознатливи остатоци од човечки тела“. Вака швајцаркиот претприемач Анри Динан ја опишува битката кај Солферино која се случи на 24 јуни 1859 година и беше една од најкрвавите битки во Северна Италија во 19 век. Кај Солферино загинаа илјадници австриски и француски војници. Десетици илјади беа повредени. Нивното страдање толку го ужаснало Динан, што во една блиска црква направил привремена амбуланта и го мобилизирал селското население да му помогне при згрижувањето на повредените војници.

Пример и денес: Анри Динан

Bildergalerie 150 Jahre Rotes Kreuz Henri Dunant 1

Анри Динан

Под впечатокот на оваа битка тој четири години подоцна го основа Меѓународниот комитет на црвениот крст. Поддршка притоа доби не само од пријателите и познаниците. Нему му успеа да ги придвижи и политичарите“, вели Франк Морхауер од Федерацијата на Црвениот крс и на Црвената полумесечина. За неколку месеци тој на иста маса донесе 12 држави кои на првата Женевска конвенција се согласија за заштита на повредените во војната . За неговите заслуги тој во 1901 година ја прими првата воопшто доделена Нобелова награда за мир. А неговиот роденден 8 мај се одбележува како Светски ден на црвениот крст.

Црвениот крст на бела основа Динан го предложи како единствен заштитен знак. Тој не бил замислен како христијански симбол туку едноставно како превртување на боите на швајцарското знаме. Тогаш меѓутоа се превиде дека симболите секогаш побудуваат емоции, вели Мохрхауер. И токму крстот во текот на историјата секогаш одново предизвикуваше спорови.

Спор за амблемите

Уште Османлиската империја во војната против Русија 1876-1878 година дозволи да се користи Црвената полумесечина , зашто ,како што било образложено, крстот ги повредува религиозните чувства на нејзините војници. До спор не дојде бидејќи двете страни си ги признаа заштитните симболи а и МКЦК во Женева немаше забелешки.

Во 1930 година израелската организација Маген Давид Амон, што кажува и самото име ја воведе Давидовата ѕвезда како заштитен симбол. Кога дојде на дневен ред нејзиното признавање од страна на МКЦК , настана спор и бројни арапски земји со децении го блокираа приемот токму порадо овој симбол. Како одговор на тоа други земји одбија да го прифатат приемот на палестинскиот огранока огранокот во САД згора на тоа ги запре исплатите на централата, како форма на притисок.

Пробив конечно е направен на крајот на 2005 година со Црвениот кристал. Всушност Црвената Давидова ѕвезда смее и натаму да се користи во рамките на Израел но надвор од него мора да го користи Црвениот кристал. Сега ограноците во Израел и во Палестина се членки на МКЦК и добро соработуваат.

Помош во војни и катастрофи

Денес под покровителство на МКЦК речиси 100 милиони луѓе се активни ширум светот. Тие згрижуваат жртви од војни и природни катастрофи и обезбедуваат медицинска нега во кризните подрачја.

Ограноците на Црвениот крст покрај тоа се залагаат и за почитување на човековите права за пристап кон затворениците и влегуваат во дијалог со одговорните политичари.

„Тоа е единствената организација во светот, која не е само движење на луѓе, туку е призната и од владите. Токму затоа можеме да ги градиме овие мостови“, вели Франк Морхауер. Поради ваквите заслуги МКЦК има добиено уште неколку Нобелови награди за мир - за време на двете светски војни во 1917 и во 1944 година како и за неговиот 100 годишен јубилеј во 1963 година. И можеби наредното признание следува за 150-от роденден на МКЦК.