1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во заедничкиот европски дом треба да има место за сите

Заедничките европски вредности се главна тема на 15-от самит на претседателите на Централноевропските земји што се одржува во Охрид.

default

Важна е визијата, сите да имаат еднакви шанси, рече македонскиот претседател, Бранко Црвенковски.

Тој говореше за Македонија како за модел на функционална, мултиетничка држава, која може да послужи за пример. Според македонскиот претседател, нема алтернатива за ЕУ и НАТО. Тој говореше за неевропска логика, притоа мислејќи на спорот со името со Грција и самитот во Букурешт, кога Македонија не доби покана за членство во НАТО. Македонија е подготвена за компромис и фер решение со Грција, но не прифаќа едностран диктат, рече Црвенковски. „Форсирањето на тесните индивидуални интереси на одделни земји, наспроти заедничката визија за Европа, без нови линии на поделба, можат сериозно да ги проблематизираат тешко стекнатите придобивки. Република Македонија е заинтересирана повеќе од кој било друг спорот околу името со соседна Грција да биде разрешен“, нагласи Црвенковски.

На самитот во Охрид, неформално се разменуваат мислења за актуелни прашања. Едно од нив е независноста на Косово. Турскиот претседател, Абдула Ѓул, ја изрази поддршката на неговата земја за што поскорешно зачленување на земјите од регионот во ЕУ. Приоритет на надворешната политика на Турција е обезбедувањето на стабилноста во регионот, со целосна интеграција на ЈИЕ во НАТО и ЕУ. „Како што знаете Турција одамна покажа голем интерес да се направи обид за градење обединета Европа. Верувам дека членството на Турција во унијата ќе помогне многу во трансформацијата на ЕУ во глобален играч“, рече Ѓул.

Јасен сигнал

Претседателите на самитот во Охрид сакаат да дадат јасен сигнал за тоа дека процесот на обединување во Европа би требало да продолжи. За тоа посебно се заложија Словенија и Хрватска. Македонија во никој случај не смее да остане црна дупка во Европа, беше речено во Охрид.

Polizeipatrouille in Ohrid vor CEI-Gipfel

За безбедноста на претседателите на земјите на ЦЕИ се грижат три илјади полицајци

Посебно важна е соработката во регионот и обезбедувањето на безбедноста, рече македонскиот премиер, Никола Груевски. Тој нагласи дека земјите од централна Европа се докажани пријатели на Македонија: „Живееме во свет соочен со многу предизвици. На нив можеме да одговориме само заеднички и хармонизирано. Поаѓајќи од сознанието дека голем дел од тие прашања, како што се економскиот просперитет и енергетската стабилност, кои иако не во иста мера и во ист момент, не‘ засегаат сите нас, се прашања на кои единствено заеднички можеме да одговориме“, потенцираше Груевски.

Во заедничкиот европски дом треба да има место за сите - е сигналот што денеска од Охрид го испраќаат претседателите на земјите од Централна Европа.