1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во завршниот извештај на ОБСЕ оценка за изборите во Македонија

„Во нашиот завршен извештај ќе ги ставиме сите коментари за изборната слика во Македонија“ изјави амбасадорката на ОДИХР, Одри Гловер, која во интервјуто за Дојче Веле уште порачува дека не само партиските лидери туку и гласачите треба да понесат одоговорност за изборите.

Логото на ОДИХР

Логото на ОДИХР

Меѓународните набљудувачи на ОБСЕ и ОДИХР внимателно го регистрираат секој инцидент од изборната камапња во Република Македонија и ставовите ќе ги сумираат во финалниот извештај што ќе го презентираат ден по изборите на 5 јули. Свесни се дека оценките во него може да ги забават евро – интеграциите на Македонија затоа апелираат: не само паритикските лидери, туку и властите и гласачите треба да ја понесат одговорноста за тоа во земјата овојпат да има чист изборен процес. Ја набљудуваме кампањата детално и во целина, вели за Дојче Веле амбасадорката на ОДИХР во Македонија Одри Гловер „Ја набљудуваме кампањата, гледаме како ќе се одвива денот на изборите, и исто така ги гледаме поплаките. Ги следиме сите процедури. Не е возможно сега да се заземе некој став за тоа каква би била оценката за денот по изборите, но посматраме се’ и мислам дека треба да разберете каква е нашата улога тука. Ние сме набљудувачи, не сме наставници кои ги проверуваат кутиите и кои даваат оценки. Ние сме набљудувачи и го пишуваме нашиот краен извештај во кој ќе ги ставиме сите коментари, кои ќе ги добиеме и од долгорочните и од краткорочните набљудувачи.“ изјави Гловер

Таа веќе три недели е во Македонија и за тоа време разговарала и со партиските лидери и од албанскиот и од македонскиот политички блок. Им укажала колку е важно нивното влијание врз непослушните партиски активисти. „Реков дека многу е важно сите партиски лидери да осигураат дека нивните подржувачи ќе ги почитуваат законите и нема да предизвикуваат нерегуларности на денот на изборите. Исто така им велам на гласачите дека токму тие треба да се погрижат да нема кршење на законите на изборниот ден. “ вели амбасадорката на ОДИХР. Таа не сака да коментира дали инцидентите се само сурова битка за превласт или пак некој намерно сака да ја дестабилизира земјата. Секојдневните престрелки и кршењето на изборните штабови не и го уриваат оптизмиот дека Македонија на 5 јули ќе има успешен изборен ден. Ја храбри тоа што се почитуваат препораките на меѓународната заедница. Гловер вели „Направивме препораки. Како што реков во првата изјава за медиумите задоволни сме што препораките се спроведуваат. Тоа се тие што се однесуваат на кодексот на изборите, постоењето на постојан секретаријат за Државната изборна комисија. Тоа е резултат за нашите преораки и многу сме задоволни од тоа.“

Дваестина долгорочни набљудувачи од разлини земји на ОБСЕ, веќе неколку недели на терен ја набљудуваат изборната слика на Македонија. Уште 250 пристигнуваат непосредно пред изборите на 1 јули. Тие ќе бидат распоредени на сите изборни места заедно со домашните набљудувачи. Ден по изборите ќе ги изнесат своите прелиминарни оценки, што ќе бидат главниот показател дали Македонија овојпат ќе го положи тестот на демократијата.