1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Во ЕУ најмногу се доселуваат Украинци

Украинците ја чинат најголемата група меѓу доселениците во Европската унија, констатира годишниот извештај на ЕУ на тема доселување и азил, кој денеска (17.06) беше објавен во Брисел.

Според најновиот извештај за доселување и азил во ЕУ, во 2011 година во некоја од земјите од Унијата дозвола за престој побарале околу 204.000 граѓани на Украина. На второ место се американските граѓани (189.000), а по нив следуваат Индијците (179.000), Кинезите (153.000) и Мароканците (120.000).

Првпат дозвола за престој вo некоја од членките на ЕУ добиле вкупно 2,5 милиони граѓани на трети земји. Бројот на легално доселените со тоа е зголемен на 20,7 милиони, или 4,1 процент од вкупното население на Унијата.

Една третина од новите доселеници во ЕУ пристигнале како резулат на спојување на семејство, а една четвртина дошле во потрага по работа во некоја од земјите членки на ЕУ.

Европската комисија во Брисел соопшти дека за илегалните доселеници има нецелосни бројки. Во 2012 година на 316.000 луѓе им било одбиено барањето за влез во ЕУ, главно на шпанската надворешна граница на Унијата. Околу 427.000 луѓе се уапсени како нерегуларни мигранти, или околу 40 илјади помалку во споредба со годината пред тоа.