1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Египет се формира нов протестен бран

Борци за човекови права, револуционерни групи и Муслиманското братство независно едни од други најавија демонстрации. Државниот апарат меѓутоа реагира, многу плоштади се затворени, а критичарите однапред приведени.

На централниот плоштад Тахрир во Каиро и на други места, на кои во минатото имаше големи протестни манифестации, денеска не се одвива ништо, тие се блокирани за сообраќај. Египетските властодржци сакаат да им ги отежат протестите на демонстрантите.

Се чини дека не случајно е избран и моментот за апсење на двајца познати опозиционери.

Египетската полиција во текот на ноќта го уапси познатиот египетски опозиционер Абдел Фатах. На овој блогер му се префрлува дека повикал на нелегална протестна акција и подбуцнувал насилство.

Силите за безбедност потврдија дека правосудните органи од истите причини наредиле апсење и на активистот Ахмед Махер. Махер е основач на „Револуционерно движење 6. април“, кое ги предводеше протестите против долгогодишниот властодржец Хосни Мубарак пред речиси две години. Револуционерното движење за денеска повикало на демонстрации.

Вчера во текот на демонстрации против затворските казни на приврзеници на Муслиманското братство во Каиро од страна на полицијата е убиен студент. Судија осуди 21 жена поради отпор против државните органи на затворски казни до единаесет години.

Во Александрија, според еден весник повеќе десетици приврзеници на Муслиманското братство демонстрирале пред куќата на судијата.

Протест против новиот закон за демонстрации

Во изминатите денови во Егпет се одржаа повеќе демонстрации на групата „Не за воените процеси против цивили“, кои не симатизираат со развластеното Муслиманско братство. Освен тоа има и критика за еден закон за демонстрации, кој на полицијата и дозволува употреба на насилство при ненајавени манифестации, на пример ако демонстрации го попречуваат сообраќајот. Утре (30.11) уставниот комитет треба да гласа за новиот устав.