1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во Европскиот зелен појас и Македонија

Во Сојузното министерство за животна средина во Берлин денес се одржа втората церемонија на потпишување на декларацијата за намера со која и Македонија се вклучи во иницијативата Европски зелен појас

„Со Европскиот зелен појас се означува природата долж границите на некогашната евроспка железна завеса. Македонија во овој појас има посебна улога, како од една страна преку граничниот појас кон Косово и Албанија, така и во делот на Охрид, Преспа и планинскиот регион на исток што граничи со Бугарија. Европскиот зелен појас може да придонесе овој природен регион во Македонија долгорочно да биде сочуван и да помогне во одржливиот развој на регионот, што всушност е најважната функција на иницијативата Европски зелен појас“, изјави за ДВ Уве Рикен, раководител на одделнието на Сојузната служба за заштита на природата, надлежен за Европскиот зелен појас.
Идејата за Европскиот зелен појас практично потекнува од германската иницијатива (Германски зелен појас) која по обединувањето на Германија се ангажирала да биде обновена природата на некогашната гранична линија меѓу истокот и западот, која на места била широка и до 200 метри и каде природата била целосно запустена.
Во 2004 година идејата од Германија била пресликана на европско ниво и била создадена иницијативата за Европскиот зелен појас.

Eine sichtbare grüne Narbe

Да се надминат лузните врз природата кои ги направиле границите!

Организационата структура на Европскиот зелен појас опфаќа три региони: Скандинавскиот, Средноевропскиот и Балканот . Покрај сочувување на загрозените видови, главна цел на Европскиот зелен појас е и прекуграничното, ослободено од бариери поврзување на различните региони.
Главен партнер на Европскиот зелен појас во Германија се различните невладини организации, а во Македонија тоа е МЕС - Македонското еколошко друштво со кое и до сега се реализирани повеќе проекти, меѓу кои и оние за сочувување на појасот кон Бугарија, но и околината на Јабланица.
За оваа иницијатива (Европски зелен појас) во Македонија, како што подвлече Рикен, нема одреден фиксен износ или определен финансиски пакет, но Германија и натаму ќе ја поддржува работата на невладините организации кои се ангажирани за зачувување на природата.
Наспроти напорите да се зачува природата (видовите и шумите) во Скопје неодамна и покрај протестите на граѓаните беше извршена сеча на дрва за да се обезбедат површини за градба. Како на ова гледаат германските партнери, поборници за зачувување на природата?
„Жал ми е, но ова не можам да го коментирам, бидејќи едноствно навистина не знам за што станува збор. Но, оваа тема сигурно ќе биде повторно актуелна во моментот кога Македонија ќе биде целосно инволвирана во евроинтеграцискиот процес и кога ќе мора да го почитува пропишаното околу заштита на придорадата која ја бара Европската унија“, изјави за ДВ Уве Рикен, надележен за Европскиот зелен појас од Сојузната служба за заштита на природата.