1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Во Европа растат дискриминацијата и ксенофобијата

„Ситуацијата со човековите права е загрижувачка“, констатира Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Мужниекс во неговиот прв годишен извештај.

Во извештајот тој посебно констатира и изрази загриженост дека дискриминацијата, расизмот и ксенофобијата се присутни во Европа во начинот на кој се третирани мигрантите, потоа ограничувањето на слободата на изразување, како и неефикасноста на националните судски системи.

Во извештајот има посебно место на неговата посета извршена во Македонија во ноември минатата година, која беше посветена на транзицијата во правосудството, социјалната кохезија, исто како и правата на Ромите.

Мужниекс уште еднаш подвлекува дека и покрај постигнатиот напредок во спроведувањето на Охридскиот договор, посебно во правичната застапеност, тој во таа прилика го критикуваше законот за амнестија, немањето на одговор за исчезнатите лица, арбитрерното применување на законот за лустрација, состојбата во медиумите, сегрегацијата во образованието на децата Роми и одвоената настава на децата од различна етника припадност.

Македонскиот парламентарец и шеф на собраниската делегација Александар Николоски покрај прашањето до Комесарот за човекови права поврзано со „Златна Зора“ се интерсираше и за правата на малцинствата во Грција.

Комесарот Мужниекс одговори дека неговата посета на Грција беше „тематска“ посветена на расистичките насилства на која се изложени мигрантите, се поголемото влијание и акциите на „Златна Зора“, како и однесувањето на полицијата.

„При мојата посета на Грција, јас со грчките власти го разгледав и прашањето на

Athen rechte Partei verteilt Lebensmittel

Припадници на „Златна Зора“

нератификацијата на Европската конвенција за заштита на малцинствата и јас инсистирав за целосно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на правата на малцинствата. Но ние воглавно се интересиравме за порастот на расистичкото насилство, како и зголемената тежина на грчката неонацистичка партија Нова Зора и за улогата на полицијата“.

Останува уште многу да се направи за правата на малцинствата

На прашањето на Дојче Веле во однос на положбата на малцинствата, посебно на македонското малцинство во соседните земји на Македонија, Комесарот за човекови права одговори дека „не е во негова надлежност да ги споредува земјите“.

„Малцинствата кои живеат во земјите од регионот често имаат „матични држави“ во близината, и ситуацијата на малцинствата се рабира предизвикува голем интерес. Насекаде, малцинствата треба да можат да живеат достојно, заштитени од дискриминацијата и насилството. За жал, има многу малку примери на развиена малцинска култура и малцинствата кои се чувствуваат вистински признати како полноправни членови на општеството. Во оваа област, евидентно е дека Македонија направи огромен напредок, но потребни се дополнителни напори. Можам да си замислам дека мојот извештај за Грција, на пример ќе предизвика жив интерес во Македонија“, изјави Мужниекс за ДВ.