1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Во Дрезден отворен нов воен музеј

Музејот е комбинација од старото и ново здание што го проектираше американски архитект Даниел Либескинд. Музејот го претставува новиот поглед кон насилството и војната и отвори многубројни дискусии на оваа тема.

ARCHIV - Luftaufnahme vom 11.09.2011 des Militärhistorischen Museums der Bundeswehr in Dresden. Nach siebenjährigem Umbau nach Plänen des US-Stararchitekten Daniel Libeskind für über 62 Millionen Euro öffnet am Freitag (14.10.2011) die neue Ausstellung mit 10.500 Exponaten aus 700 Jahren Militärgeschichte auf 13.000 Quadratmetern. Foto: Matthias Hiekel dpa/lsn (zu lsn vom 14.10.2011) +++(c) dpa - Bildfunk+++

Воено возило на Бундесверот

Нов аспект. Тоа е идејата на новиот необичен воено-историски музеј на Бундесверот. Освен тоа, тој отвара нов поглед на стариот дел од градот во Дрезден кој беше целосно уништен во бомбардирањето од страна на сојузниците пред крајот на Втората светска војна. Средиште на новиот музеј е вградениот и прооден клин, долг 30 метри. Матиас Рог, директор на музејот објаснува: „Врвот на конструкцијата се наоѓа точно на местото кое беше осветлено од британските бомбардери и врз кое фрлаа бомби во ноќта меѓу 13 и 14 февруари 1945 година. Тогаш стариот дел од Дрезден беше претворен во прав и пепел. Овде не зборуваме само за жртвите или само за сторителите, туку од музејот испраќаме порака дека на едно место се вкрстуваат сите линии и дека луѓето се тие кои страдаат, се’едно на чија страна се наоѓаат и се’едно дали се тоа Полјаци, Германци или, пак, припадници на некој друг народ...“, вели директорот Рог.

Im Militärhistorischen Museum der Bundeswehr in Dresden steht am Dienstag (11.10.2011) ein Offizier in dem von Daniel Libeskind erdachten Keil. Nach siebenjährigem Umbau nach Plänen des US-Stararchitekten Daniel Libeskind für über 62 Millionen Euro öffnet am Freitag (14.10.2011) die neue Ausstellung mit 10.500 Exponaten aus 700 Jahren Militärgeschichte auf 13.000 Quadratmetern. Foto: Matthias Hiekel/lsn

Новиот музеј е направен од челик и стакло

Познатиот американски архитект Даниел Либескинд објектот од челик и стакло го вгради во историската градба во која се наоѓа музејот. Тој сакал старото здание на музејот да го одвои од новото здание, да ги одделни старите ѕидови од раскошот. Порано тој бил магацин за оружје на Саксонците, подоцна на нацистите и на крајот на Германската Демократска Република. Архитектот Либескинд појаснува: „Новиот дел од музејот ја става во сенка мрачната строгост на стариот магацин за оружје. Исто како што и Германија ги надмина старите автократски структури од нејзината историја и прерасна во слободна, демократска и обединета Германија.“

Самокритичен поглед на војната, наместо експонати на херојски дела

Токму оваа Германија сега отвора нов модерен воен музеј. Во него не се претставени збирки на херојски дела, туку самокритичниот поглед на војната. Ракетите овде во музејот се прикажани такви какви што се – заканувачки. А, потоа се претставени и последиците од нивното дејство. Тука спаѓаат протези за раце и нозе на луѓе на кои екстремитетите им биле ампутирани во војната. Музејот воедно сака да заплаши и да испровоцира. Во еден од стаклените делови на музејот е изложено и воено возило на Бундесверот што било погодено од бомба во Авганистан. Во овој напад биле повредени тројца германски војници: „Се работи можеби за една мала провокација, но ние само ја покажуваме мисијата онаква каква што е во реалноста. Многумина велат дека мисиите денеска се уште поопасни. Но, ние сметам дека сме многу искрени“, објаснува Матиас Рог, директорот на музејот.

Кон оваа искреност спаѓа и тоа да се именуваат одоговорните за мисијата во Авганистан. А, тоа е Бундестагот, кој пред десет години гласаше за ангажман на германските војници во мировни мисии. Во музејот се прикажани и други необични експонати на потивниците на војната. Како на пример, импровизирано оружје од гранки за играње или пародија на униформа со орден што ја носела Петра Кели, активистка на зелените во 80-години. Горх Пикен, главниот кустос на воениот музеј во Дрезден вели: „Имаме експонати кои се „тешки“ дури и за нашите соработници и кои мораме да ги објаснуваме. Така на пример, овде имаме гранки од детска градинка.

Außenansicht des Militärhistorischen Museums der Bundeswehr in Dresden, aufgenommen am 14.8.2003. Ab Sommer 2004 wird das Museum für 40 Millionen Euro nach Plänen des polnisch-amerikanischen Architekten Libeskind umgebaut. Nach Abschluss der Arbeiten 2008 wird auf 12000 Quadratmeter Fläche Militärgeschichte vom 13. Jahrhundert bis zur Gegenwart vorgestellt. Dabei kann das Museum aus einem Bestand von mehr als einer Million Exponate wählen. Raritäten wie das erste U-Boot aus dem Jahr 1850 oder das Riesengeschütz Die faule Magd von 1430 sollen auf keinen Fall fehlen.

Старото здание на музејот

Децата ги користат како замена за пиштоли и играат војна, бидејќи тие самите израснале без детски играчки, односно пиштоли и пушки. За мене тоа е многу интересен експонат, бидејќи тој покажува од каде доаѓа насилството или пак, како насилството го бара патот дури и до семејствата, кои своите деца ги одгледувале пацифистички.“

Музејот како одраз на темата насилство

Во воениот музеј е претставена и позната ракета В2 од нацистичкиот период. При производството на оваа ракета загинале многу повеќе принудни работници, отколку од нејзиното дејство во војната. Меѓутоа, т.н. нацистичка ракета во тоа време претставувала вистински технички напредок. Тоа ја покажува јасната поврзаност меѓу оружјето и општеството, сметаат одговорните од музејот. „Се разбира дека оружјето  е важно за демократијата. Секој има право да знае, што предизвикува тоа и какви последици има врз општеството. Затоа е важен воениот музеј, не како изложба на оружје, туку како одраз на темата насилство“, објаснува архитектот Либескинд.

Автор: Аксел Роволт / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Симе Недевски