1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Во Дортмунд веќе се лади славеничкото пиво

По 31-то коло во германската Бундеслига, се чини нема повеќе дилеми. Борусија (Д) ќе биде новиот првак. Кајзерслаутерн дефинитивно се сели во втората лига.

Навивачите на Борусија Дортмунд можат да почнат да го ладат славеничкото пиво, откако нивните фудбалски миленици речиси ја обезбедија бундеслигашката титула на три кола пред крајот на првенството. Ако по минатонеделната победа над Бајерн остана одредена претпазливост, сите дилеми беа расчистени по саботниот исход. Борусија на гости го совлада големиот ривал Шалке со 2:1, додека Бајерн не успеа да го совлада Мајнц пред своите навивачи.

Предноста од осум бода на врвот на табелата на Борусија и ја донесоа капитенот Кел и Пишчек со погодоците во првиот и вториот дел. Шалке остана на третото место на табелата кое директно води во Лигата на шампионите.

VfB Stuttgart - SV Werder Bremen

Штутгарт продолжува да реди победи

Кајзерслаутерн веќе второлигаш

Колку што е сигурна Борусија на врвот, толку е сигурен и Кајзерслаутерн на дното. По поразот на домашен терен од Нирнберг со 2:0, само чудо може да го спаси Кајзерслаутерн од преселба во понизок ранг. Освоените три бода на Нирнберг му обезбедуваат мирна завршница на првенството.

За опстанокот грчевито ќе се бори берлинска Херта, која успеа да дојде до бод на гостувањето кај Бајер. Херта беше на чекор до големо изненадување, водеше со 3:2, но на крајот мораше да се задоволи со нерешен исход со кој останува на 17-то место на табелата со 28 бода, еден помалку од Келн кој засега го држи местото кое води кон баражот за опстанок во лигата.

Новиот пораз на Келн дојде на гостувањето кај локалниот ривал Борусија Менхенгладбах. Вторпат сезонава Менхенгладбах беше пресилен за Келн и го совлада убедливо со 3:0.

Три, извонредно важни, бода во битката за опстанок обезбеди Аугсбург со победата на гостувањето кај Волфсбург од 2:1. Слично како и Хамбургер кој минимално го совлада Хановер со 1:0 пред домашните навивачи. Аугсбург сега има 33 бода, а Хамбургер еден повеќе и двата тима се многу блиску до обезбедување опстанок.

Бајерн без мотиви во првенството

Fußball Bundesliga 31. Spieltag Borussia Mönchengladbach - 1. FC Köln

Фудбалерите на Келн се се’ поблиску до втората лига

Амбициите на Бајерн Минхен за освојување на титулата завршија по ремито без голови против Мајнц на домашен терен. Баварците најавија дека ќе се концентрираат на полуфиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Тимот на Штутгарт го продолжи „високиот лет“ откако забележа уште една убедлива победа, овојпат над Вердер од 4:1. Штутгарт се зацврсти на петтото место на табелата, кое во води во Лига Европа, но шансите за освојување на четвртото место, кое обезбедува настап во Лигата на шампионите, му се далеку од реални откако Борусија Менхенгладбах го совлада Келн и ја врати предноста од 7 бода.

Во последниот меч од колото, во неделниот термин Фрајбург и Хофенхајм ги поделија бодовите играјќи без голови 0:0. Бодот за Фрајбург значеше натамошна гаранција во борбата за опстанок.