1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Дахаб продолжува потрагата по сторителите

Египетската полиција уапси 10 лица осомничени за вемашност во атeнтатите во одморалиштето Дахаб на Синајскиот полуостров.

Траги на опустошување пред една од продавниците каде експлодира бомба

Траги на опустошување пред една од продавниците каде експлодира бомба

Тројца од нив според полициски избори се обиделе да избегаат од Дахаб кусо по експлозиите. Во меѓувреме египетското Министерство за внатрешни работи го корегираше билансот на жртвите: животот го загубија 18, а повредени се преку 80 лица.

Советот за безбедност на ОН остро ги осуди бомбашките напади во Дахаб и побара изведување пред суд на сите сторители, организатори и финансиери на овие неприфатливи дела. Во декларацијата на Советот уште се повикуваат сите држави на меѓународната заедница да помогнат во пронаоѓањето на сторителите. Бомбашките напади ги исудија меѓу другите и повеќе арапски влади, организации на Палестинците, како и други исламски организации.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави:

„Најдлабоко сум потресена од атентатот во Дахаб, при кој недолжни луѓе беа убиени за време на одморот. Германската влада најостро го осудува атентатот.„

Осуда, но и сочувство за жртвите дојде од шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмајер.

„Нашето сочувство во овие мигови е насочено кон вас, кон повредените, жртвите и семејствата од Германија и од други нации. Најостро ги осудуваме овие кукавички атентати врз странски туристи и египетски граѓани.„

Што се однесува до можните сторители, координаторот на германската Фондација Конрад Аденауер за Египет, Михаел Ланге изјави:

„Атентатот има сличности со претходно изведените на Синајскиот полуостров. Сметам дека може да се претпостави оти сторителите доаѓаат од истата средина, ако не и од истите организации, кои и до сега изведуваа терористички напади во регионот.„