1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Дамаск загина соработник на ЕУ

Трагичен инцидент во сириската граѓанска војна - убиен е припадник на делегацијата на ЕУ. Бунтовниците, пак, очигледно отвириле нов фронт меѓу Дамаск и Голанската висорамнина.

Ахмад Шихадех бил познат по својата храброст и несебичност. Двете доблести биле погубни за 320 годишниот Сириец, кој бил смртно погоден во предградие на главниот град Дамск при една хуманитарна акција. Шихадех се‘ уште работел за делегацијата на ЕУ, отккао последните странски соработници беа повлечени во декември од безбедносни причини. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон им изрази сочувство на семејството, блиските и колегите.

Сириските бунтовници, пак, очигледно го проѓирија фронтот на борби од областа околу Дамаск кон Голанската висорамнина, окупирана од Израел. Околу илјада бунтовници продреле во местото Кан Шаи, изјави бунтовнички командант кој бил во врска со нив.

Освен тоа бунтовниците во близина на тампон зоната со Израел нападнале позиции на сириската армија во Кунаитра. Целта притоа е да биде спречено снабдувањето на оваа населба. Офанзивата во Кан Шаи, оддалeчен само неколку километри од Дамаск и околу 25 километри од Голанската восорамнина, е во служба на растоварување на бунтовниците во Дараја, на периферијата на Дамаск.

Според активисти, бунтовниците во Кан Шаи нападнале касарна на елитните трупи предводени од братот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, Махер. Владините војници се обиделе со масивни ракетни напади да ја скршат опсадата на бунтовниците.

„Избројав до 20 експлозии во минута“, сведочел активист во телефонски разговор со новинската агенција Ројтерс.

Според наводи на опозицијата, режимот на Асад започнал со регрутација на стотици резервисти и воени обврзници, пред се‘ младите мажи во главниот град се повикани да се јават во армијата.