1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Германија 250.000 луѓе живеат на улица

Високите кирии и недостигот од социјални станови се сериозни проблеми за големите германски градови. Се’ поголемиот број на бездомници и јазот меѓу богатите и сиромашните во иднина би можеле да доведат и до немири.

Во Германија, во моментов има потреба од околу четири милиони социјални станови. Најновото истражување спроведено од институтот Пестел покажува дека во наредните неколку години ситуацијата може да се влоши уште повеќе. Освен тоа, според проценките на германските експерти, недостатокот на ефтини социјални станови веќе не е проблем само на големите градови.

„Во Германија има и доста помали градови во кои се наоѓаат големи и познати универзитети. Такви се на пример Тибинген и Гетинген“, вели Матијас Гинтер, директор на институтот Пестел. Тој додава дека дури и порано многу млади луѓе, со цел да го продолжат своето школување ги напуштале малите места и доаѓале во градовите. Но до сега, миграцијата на градските семејства кон селата воспоставувала некаква рамнотежа во овој поглед. Според Гинтер, денес е поинаку. Сега дури и семејствата со деца повеќе ги преферираат големите градови.

Доселувањето на странци во Германија е уште една од причина што го продлабочува овој проблем. Според податоците на Заводот за статистика, минатата година во Германија се доселиле околу 279.000 луѓе. Од друга страна, бројот на оние што ја напуштиле земјата е далеку помал. Секако дека тоа влијае за зголемување на побарувачката на станови, што пак води до пораст на цените

Deutschland Architektur Walter Gropius Gropiusstadt in Berlin

Во германските градови недостигаат ефтини станови

и кириите.

Социјалните станови не се во фокусот на инвеститорите

Според Лукас Зибенкот, директор на германскиот сојуз на станари, најголемиот проблем во моментов е намалената градба на социјални станови.

„Друг проблем се посебните договори со кои се регулира времето за кое се изнајмуваат становите. Имено многу сопственици на социјални станови не сакаат да склучат нови договори поради тоа што сметаат дека истите нема да им донесат некоја голема добивка во иднина“, вели Зибенкот.

Според мислењето на Матијас Гинтер, голема одговорност имаат и самите општини кои се всушност надлежни за изградба на социјални станови.

„Програмите кои ги понудија општините не беа доволно атрактивни и поради тоа не успеаја да привлечат инвеститори. На пример, кредитите не беа воопшто поволни“, објаснува Гинтер.

Од Канцеларијата за развој на градови пак, велат дека ситуацијата во Германија не е толку загрижувачка како што некои се обидуваат да ја прикажат. Хилмар фон Лојевски, шефот на оваа Канцеларија, вели дека во Германија на годишно ниво, недостасуваат околу 100.000 станови. Причина за недостатокoт од станови е намалената изградба, што пак е последица од севкупниот недостаток на пари. Според Лојевски, благајните на општините во моментов се празни.

Се’ повеќе бездомници

Поради недостатокот на социјални станови, некои луѓе се принудени да живеат на улица. Ова тврдење го поткрепуваат и податоците од Евангелистичката организација за помош на бездомници, според кои во Германија без покрив над главата живеат дури 250.000 луѓе. Социологот Кристоф Бутервег тврди дека оваа ситуација може и дополнително да се влоши поради тоа што во општеството се случуваат длабоки поделби:

„Можно е да дојде до распаѓање на градовите и до поделба на луксузни делови за богати и делови од градот наменети за сиромашните слоеви од населението“, предупредува Бутервиг.

Bo таа насока, тој предупредува и потсетува на големите социјални немири што се случија во Франција во 2005 и Велика Британија во 2011 година.

„Кај нас би можело да се случи нешто слично. Секако, доколку гледаме од долгорочен аспект, но таква можност постои“, вели Батервег.