1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Во Германија ќе се гради споменик на обединувањето

*

Германскиот парламент го одобри подигањето споменик за мирната револуција во поранешната Германска Демократска Република што доведе до повторното обединување на земјата.

Според одлуката на пратениците споменикот треба да биде завршен до 9-ти ноември 2009-та, кога се навршуваат 20 години од историското паѓање на Берлинскиот ѕид. Вчера со повеќе манифестации ширум Германија беа одбележани не само годишнината од паѓањето на Ѕидот, туку и погромот врз Евреите на 9-ти ноември 1938.