1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во Германија спречени терористички напад

Германските безбедносни сили упасија три осомничени лица за кои постои сомневање дека покрај другото планирале напади врз американски институции во Германија. Денеска за апсењата став зазема обвинителство во Карлсруе.

default

Апасења на лица осомничени за тероризам

Апсењето на двајцата Германци и Турчин, осомничени за тероризам во вторникот попладне, според зборовите на генерлната државна обвинителка Моника Хармс спречи голем напад во Германија, кој би можел да има слични размери како оние во Мадрид 2004 година и една година подоцна во Лондон.

Апсењето беше извршено вчера во 14 часот и 30 минути во куќа во Зауерланд, во покраината Северна Рајна Вестфалија. Лицата осомничени за тероризам, според сознанијата на германската криминалистичка служба БКА, почнале да произведуваат експлозив за автомобил бомби. За таа цел во февруари годинава во Хановер биле набавени 12 буриња со околу 720 килограми раствор од водороден пероксид кое што го складирале во гаража појасни обвинителката. Генерланата државна обвинителка укажа и на тоа дека оваа количина би можело да биде претворена во експлозивна мешавина и дека има експлозивна сила како 550 килограми ТНТ. При нападите во Лондон бил употребуван иститот материјал. Генерланата обвинителка Монка Хармс „Како можни цели за напад, осомничените лица ги имаа в предвид места посетувани од Американци како дискотеки, пабови, или аеродроми, а автомобилите полни со експлозив требало од нив да бидат однесени до местата за напад и притоа да бидат повредени или убиени голем број лица.

Монка Хармс нагласи дека при истрагата биле вклучени сојузната криминалистичка служба, но и покраинските криминалистички служби како и тајните служби и дека во ниеден момент не постоела животна опасност. Од зимата 2006 година осомничените лица биле набљудувани.

Претседателот на германската криминалистичка служба Јерг Циерке, смета дека сега се потрврдиле неговите проценки со оглед на актуелниот развој на ситуацијата, дека Германија е конкретна цел „Во рамките на одбрана од опасност, стекнавме полициски сознанија дека германски државјани се тренираат во логорите на Џихад унијата на северот на Пакистан, да ракуваат со експлозиви. Значи добиле терористичка обука за во Германија да извршат напади. Мотив на групата во Германија е омразата против американски граѓани“ за оваа претпоставка зборуваат и наводните цели каде требало да се извршат нападите, аеродромот во Франкфурт и американската воена база Рамштајн.

Германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле апсењето го оцени како добра соработка меѓу германските и американските тајни служби. Конкретна опасност не постои за населението смета тој „Граѓаните во Германија можат да имаат доверба дека безбедносните служби на сојузот и покраините пружаат добра работа.“ рече министерот Шојбле кој потенцираше дека осомничените лица биле професионалци.