1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во Германија расте имиџот на Македонија

Интервју со македонскиот амбасадор во Германија,д-р Георги Филипов,што го води Нада Штајнман

Филипов при неодамнешна средба со германскиот претседател Келер

Филипов при неодамнешна средба со германскиот претседател Келер

Господине Филипов,Македонија многу очекува од германското претседателство со ЕУ,Вие деновиве се сретнавте со госпоѓа Меркел.Што може позитивно да се очекува од Германија?

-Јас се сретнав со госпоѓа Меркел во рамките на редовната средба што германскиот канцелар ја има еднаш годишно со дипломатскиот кор.На средбата така да се изразам хит на разговорите беше моменталната состојба на Косово и сите околку земји од регионот.Госпоѓата Меркел изрази уверување дека предлогот на господин Ахтисари ќе биде во согласност и во полза на двете заедници на Косово.Инаку,во односите со Република Македонија некако по добивањето на кандидатскиот статус упорно не потсетуваат дека сега ние имаме конкретни работи кои треба да ги завршиме пред да ги почнеме преговорите и се чека на нив.

Од Вашите сознанија,дали решенијата на Ахтисари многу позитивно се оценуваат во Германија,дали во Германија постои свест за проблемите што можат да настанат од евентуалните решенија?

-Како да не постои,знаемее дека двете клучни позиции на меѓународните сили што се на Косово ги држат Германци,Германците се една од главните држави која што има свои војници таму.Тие се многу заинтересирани како ќе се развиваат односите,учествуваа и во работата на Контакт групата,знаеме и дека германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер заедно со претставници на ЕУ изрази поддршка на предлогот на Ахтисари.Верувам во точноста и прецизноста на германскиот начин на работа,сметам дека се имаат подготвено за сите варијанти на евентуални сценарија кои би настанале.Нормално дека нас како соседна држава на Србија не интересира каков ќе биде развојот понатаму на Косово,иако ние директно не сме инволвирани во ниедна точка,се разбира,нашиот интерес е во рамките на тоа решение да биде донесена одлука да се заврши конечно еднаш техничкото одбележување на границата меѓу Република Македонија и Косово.Сметам дека регионот извлече доволно поуки,аи меѓународната заедница и дека овојпат решението ќе биде целесообразно донесено во интерес на сите групи.

Сепак господине Филипов,на места се говореше за тоа дека било какво негативно сценарио би можело да влијае како домино ефект врз Македонија.Дали со германските партнери ги разгледувавте и таквите можности?

-Директно не,меѓутоа во сите дискусии обично се е опфатено.Јас не верувам во домино ефекти,зашто за домино треба повеќе картички,овдека има премалку картички за некаков домино ефект и Република Македонија е доволно стабилизирана во овој момент и во една сосоемна поинаква позиција отколку што беше пред шест седум години,а особенно уште еднаш ќе потенцирам,дека Германците се особено заинтересирани зашто им е дадена во моментов многу голема улога таму,дека со некоја прецизност се предвидени сите варијанти,не верувам во домино ефект.

Едно од важните прашања околу кое се врти вниманието во моментов во Берлин е прашањето за името.Грците стравуваат дека можеби во Берлин има некои нови стратегии,дали Германија има навистина свои планови некако на помирен и подобар начин да го разреши прашањето за спорот околу името?

-Не би рекол дека во Берлин постои некоја специјална состојба околу името,знаем дека за него се водат преговори во рамките на ОН.Ако мислите на одлуката на Бундестагот што ја донесе во 2004 година и и препорача на владата на Република Германија да се залага и да помага со нејзина моќ и пред ЕУ да се употребува уставното име на Република Макеоднија,тоа е запишано и во документите на Бундестагот.Претседателот на Германско макеоднското друштво, Колбо не би ни бил ни претседател на тоа друштво ако се залага за било какво поинакво решение отколку признавање на нашето уставно име,конечно и од Сојузна Република Германија.Лично мислам дека ако ги одвоиме оние четири главни точки кои Германија си ги има земено како тежишта на кои ќе работи за време на своето претседателество со ЕУ,прашањето со проблемите со името на Македонија со Грција нема да биде некој приоритет на германската Влада во овој момент.Тоа може да влезе како дел од напорите за стабилизација на регионот.

Вие рековте господине амбасадоре дека и во дипломатските кругови, на другите дипломати им е тешко да Ве ословуваат затоа што имаат проблем.Дали имате некакви знаци од другите дипломати дека навистина им е смачено?

- Со другите дипломатии немаме никаков проблем,сите сметаат дека секој има право да се нарекува како сака ,па и државите и дека овој проблем е измислен и единствен во историјата воопшто на постоење на државите и дека треба да се разреши.Од друга страна некои од нив сметаат дека кога се влегува во некоја групација,како што е например ЕУ или НАТО или друга,важат некои правила кои некогаш не мора да имаат врска со правдата,обично тие членови на клубот во секој нов доколку на некој од членовите што се веќе таму не му одговараат некои од карактеристиките кај новодојдениот,се дебатира за тоа,и само од тој аспект,од никаков друг аспект,од историски причини , полека тоа се разјаснува, дека ние сме опасност за Република Грција на никого не им е јасно,како може една држава со два милиона ,со таков доход,со кандидатски статус,толку мала,да биде некаква закана.

Што мислите,дали прашањето со името сепак ќе влијае на забрзувањето или успорувањето на преговорите со ЕУ за зачленување ,на места се говори за тоа дека сепак мора прво да се реши прашањето со името,а потоа да се решава за зачленување во Унијата?

-Камо среќа ние да ги решиме сепак сите други прашања,Копенхашките критериуми,одредбите од Солун,да ги решиме сите други прашања а да дојде да биде пречка името.Мислам дека името нема да влијае воопшто врз преговорите,мислам дека ние треба така да размислуваме,ние треба да работиме на промена на законодавната структура во насока на снижување или потполно искоренување на корупцијата,на подобрување на економските параметри,на подобрување на останатите политичко демократски параметри на државата.

Владата на Никола Греувски дојде во првата посета токму во Германија,од Германија се очекува многу,Германија е партнер на Македонија,рече германскиот амбасадор во Скопје.Дали на тој план имаме резултати во меѓувреме и каде се тие?

-Премиерот Груевски овде беше двапати,од највисоко ниво во Германија беше порачано дека Германија е тука,ги ниди своите капацитети за поддршка на македонскиот пат кон ЕУ,меѓутоа дека не е мал и делот што Македонија треба сама да го одработи,а шест месеци претседавање се премалку за во ЕУ сите проблеми да се решат сами,па затоа сите подготивки ги правеше во т.н тројка држави –Германија,Португалија и Словенија работеа скоро заеднички на оваа програма што ја понуди Германија,за нејзиното претседавање и тие понатаму ќе продолжат со истата програма и со истото темпо.Некои велат дека преговорите ќе ги започнеме за време на словенечкото претседателство со ЕУ.Толку е проценето временски дека можеме да ги завршиме тие делови од задачи што ни беа дадени во извештајот од ЕК,имајќи го во предвид и преодниот период од една влада кон друга влада кога физички и технички нормален беше застојот кој што беше неколку месеци.Немаме многу време натаму да си земеме уште некои други три месеци.

Владата на Никола Груевски има нови,млади капацитети,кои сакаат брзи резултати,се направи кампања за инвестирање во Македонија,германските весници ги објавуваат сите поволности што Македонија ги нуди,дали имаме конкретни инвестиции сега за Македонија?

-Конкретни инвестиции во овие три месеци нема,според мене нема смисла да се очекуваат,многу мал е периодот за Германија која како што знаете голем инертен систем,најголем извозник во светот,да убедите во Германија некого веднаш да почне да инвестира во Македонија,познавајќи го германскиот карактер,еве за оваа годинаипол јас сеуште не сум видел ниеден Германец да се брза некаде,Германија гледа во Кина,во Индија и сега почнуваме ние со засилена активност да ги убедиме дека ако сме ние толку Мали,германските компании може да инвестираат и во Македонија,зашто со самото инвестирање во Македонија тие се присутни на еден потесен пазар од 50-тина милиони ,а уште на поширок пазар на 500-600 милиони со ЕУ бидејќи како кандидатка членка ние имаме бенефициран пристап кон европскиот пазар.Дури за некои германски компании би се иплатело повеќе да продаваат од Македонија стоки во Германија отколку од самата Германија.

Каков е имиџот на Македонија во моментов во Германија?

-Јас би рекол дека имиџот воопшто не е опаднат,оние само врвните познавачи,членови на Парламентот,кои што го познаваат нашиот терен,а тоа се дваесетина кои во Германија некои работи ги знаат зачудувачки,главната забелешка кај нив е се разбира политичкиот дијалог .Неодамна во Македонија беше една парламентарна делегација.Подготвуваме друга да отиде во мај,при крај на германското претседателство,кога ќе треба можеби да не израдува со поубави вести.Имиџот воопшто не е опаднат,дури мислам дека е пораснат.Некои работи кои се резултат на нашиот начин на изразување на демократијата,мислам не е специјалитет македонски, туку балкански,Германците не можат да ги сватат,мал процент на добри познавачи кои инсистираат на политички дијалог што на крај и не е лошо,ние го прифаќаме тоа,дека во една земја која што сака во ЕУ не може да нема 30 проценти од парламентарците во Парламентот,да го напуштиле.