1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Во Германија и натаму без двојно државјанство

Децата од родители-странци, пред се‘ од Турција, при полнолетство мора да се одлучат за едно државјанство. Предлогот за промена, поднесен од опозицијата, пропадна поради отпорот на владејачките партии.

„Недостојно и апсурдно“, вака политичарот од опозиционата Социјалдемократска партија, Томас Оперман, го критикуваше германскиот закон за државјанство вчера (05.06) во Бундестагот. Според досегашните прописи, децата родени во Германија, а чии родители се странци, до својата 23 година мора да донесат одлука дали ќе го задржат германското државјанство или ќе го земат она од родителите. Одредбата важи само за родители кои потекнуваат од земји надвор од ЕУ. Предлогот на опозицијата за укинување на одредбата која е во сила од 2000. година, во Бундестагот предизвика жестока расправа, но пропадна поради решителниот отпор од страна на владејачките партии.

Владата обвинета за „непријателство кон Турците“

Според бројките на министерствот за вантрешни работи, до крајот на оваа година околу 3.400 млади луѓе претежно деца на турски родители, треба да се решат за еден пасош. Политичарката од Партијата на зелените, Севим Дагделен, ја обвини владата за „непријателство кон Турците“, што во краен случај младите може да ги турка во прегратките на исламистите и конзервативната влада во Анкара.

За парламентраниот државен секретар Улрих Шредер, пак, опционалниот модел е успешен модел. Тренд е младите да се одлучуваат за германскиот пасош, а тоа „треба да предизвикува оптимизам“, рече тој. Зашто, според него, изјаснувањето за Германија значи успешна интеграција. Двојното државјанство, смета тој, може да води кон проблеми: лицата во колизија со законот, а со повеќе пасоши, може да избегаат во втората татковина за да ја избегнат правдата. Опозицијата овој аргумент јавно и силно го исвирка.

Политичарите од владејачката Унија своето одбивање за двојно државјанство го правдаат и со опасноста од постоење „паралелни општества“ во земјата.