1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Германија има премалку наставници

Во наредната деценија речиси половина милион наставници ќе заминат во пензија, а бројот на новите е недоволен за да биде пополнета празнината. Според една студија, за оваа професија се решаваат матуранти со лоши оценки.

default

Настава на училиште

Училиштата и образованието на наставници во Германија се во надлежност на покраините, кои дури меѓусебно си ги врбуваат наставниците. Министерката за образование Анете Шаван иницира претпријатијата и високо образовните институции повремено да стават на располагање за училишната настава физичари, инженери и математичари. Шаван ги поздрави и предлозите, за природните науки да се придобијат наставници и од Источна Европа.

„Ја одбрав професијата од убедување. Како и досега, и понатаму радо ќе ја работам. Знам дека тоа е вистинската одлука. Сакам да го добијам она што ми е ветено. Нерадо би го напуштил училиштето или градот, за да заминам во друга покраина. Ако си заминам ќе се создаде празнина во наставата по физика. Веќе нема да бидам тука за учениците, и зошто да си заминам кога тука постои еклатантен недостиг од наставници?“

Osteuropäische Lehrer

Професори

Наставникот по физика Маркус Алт, кој всушност се вика поинаку, пред неколку години од индустријата отиде во просветата. Токму тоа го посакува и министерката за образование Анете Шаван. Неодамна таа ги повика претпријатијата, да им ги позајмат на училиштата нивните врвни стручњаци на одредено време. Имено, во Германија има недостаток на наставници, пред се’ за предметите физика, хемија и математика, и тоа со години.

Наставничките колегиуми се во просек на постара возраст. Во наредните години, во пензија ќе заминат речиси една третина од германските наставници. На местата на 100 пензионирани доаѓаат 60 до 70 нови наставници. Колку наставници навистина недостасуваат, никој не може точно да каже во одговорните покраински министерства.

Експертот за образование од Есен, Клаус Клем, со години се занимава со оваа тема. Тој проценува дека годишно 26 илјади студенти во Германија го завршуваат образованието за наставници. Но и покрај намалениот број ученици, тоа не е доволно. На работниот пазар за наставници владее хаос, наместо систематско планирање.

Зошто изминатите години само малкумина сакале да станат наставници?

Имиџот на професијата во меѓувреме е лош. На наставниците им се префрла вината за образовната мизерија, која стана видлива со меѓународните споредбени ПИЗА студии.

Честопати ги сметаат за мрзливи, бидејќи попладнињата најчесто им се слободни и имаат шест седмици летен одмор. „Постојат различни мотиви за студирање за наставник: од поврзувањето на наводното полудневно работно време со планирањето на семејството, преку педагошкиот ангажман, оти некои навистина радо работат со деца. Но има и студенти кои, ќе кажам малку злобно, не можат да ги трпат децата. Ако не најдат работа на друго, попримамливо место, стануваат наставници“, вели Клаус Клем.

Покрај ова, се смета и дека многу наставници се преоптоварени и дека се особено подложни на Брн аут синдормот - речиси и да нема наставник, кој издржува на работа до редовната пензија.

Несоодветна селекција

Оваа негативна оценка не е сосема неоправдана. Имено, во Германија речиси секој матурант може да стане наставник, како што потврдува студијата. Професијата никогаш не ја бираат најдобрите матуранти, вели Лудгер Весман, експерт за економската страна на образованието и автор на студијата. „Барем согледавме дека голем дел од наставниците имаат матурски оценки, кои не се ни приближни до просекот на оние кои не се решија за оваа професија. Во другите стручни области како право или медицина, луѓето главно имаат сосем добри оценки.“

Osteuropäische Lehrer

Наставничка канцеларија

Само наставнците во гимназија имале добри просечни матурски оценки, сите други наставници се полоши.„Тоа сигурно е повразано и со фактот дека наставничката професија не е особено атрактивна за луѓето кои навистина сакаат да постигнат нешто и кои сакаат тоа да им биде хонорирано. На пример има многу малку шанси за напредок. Ова сега делумно се менува во некои покраини“, подвлекува Весман.

Многу поголем углед имаат наставнциите во Велика Британија или Канада, на пример. Таму дури и инженери, банкари и други високо платени лица одат за наставници. Во Финска, водечка земја според студијата ПИЗА, само најдобрите ученици смеат да станат наставници. Иако критериумите се високи и наставниците споредбено се лошо платени, сепак има многу повеќе кандидати од слободни места. Германците не може да бидат толку пребирливи во моментов.

Кое е решението? ОЕЦД ја опоменува Германија, во иднина подобро да го планира вработувањето на наставниците. Предлогот, инженери да предаваат во училиштата, е можеби збогатување на наставата, но со тоа нема да биде решен недостигот од наставници. Освен ова, наставничките сидникати се чувствуваат понижени. Научникот Клем истакнува: „По студијата ПИЗА сите ни велеа дека проблемот е во образованието за наставници. Ако сега се прават обиди да се релативизира проблемот, со тоа што ќе се внесат во образованието луѓе кои боопшто не се обучени за наставници, тогаш во тоа гледам квалитативни проблеми.“

Автор: Сандра Пфистер / Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска