1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Во Германија има многу сиромашни деца

Сиромаштијата на децата во Германија е поголема отколку во многу други европски земји. Таа е на средина на листата со земји кадешто е спроведено истражувањето.

Во студија на УНИЦЕФ за сиромаштијата на децата во државите на ЕУ, Норвешка и Исланд, Германија е на 15. место од 29 држави во коишто е спроведено истражување. Речиси едно од 20 деца нема топол оброк дневно, а 4,4 проценти од децата немаат место кадешто би ги пишувале домашните задачи. Нешто помалку од четири проценти од децата имаат само по еден пар чевли, а 3,1 процент од децата под 16-годишна возраст не добиваат нова, туку носат веќе користена облека.

NO FLASH Junge mit Geldschein

Според студијата, заснована врз податоци од 125.000 домаќинства во ЕУ, најмала детска сиромаштија има во Исланд, Шведска и Норвешка, додека децата најмногу погодени од сиромаштија се во Унгарија, Бугарија и Романија. Според Уницеф, во Германија за сиромашни се сметаат 1,2 милиони деца.