1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Во време на слободна трговија мора да се биде флексибилен!

По интензивни преговори, ЕУ и Кина, постигнаа согласност во спорот околу увозот на текстил. 80 милиони парчиња текстил од Кина, кои чекаат на европските граници наскоро ќе бидат пуштени во трговската мрежа. Претседателот на ЕК, Жозе Мануел Барозо изјави дека товарот е пријателски поделен, а кинескиот премиер, Вен Џиабао, компромисот го нарече – праведен за двете страни.

default

Компромисот во европско-кинескиот текстилен спор е фер, но во никој случај не е решение за проблемите. Бизарната состојба, во која на европските царини беа заглавени 80 милиони веќе платени парчиња текстил е завршена, но во двете наредни години увозот на текстил од Кина ќе биде помал, затоа што сега ќе бидат искористени дел од предвидените квоти за увоз. Трговијата треба да се насочи кон тоа и да ги зголеми своите побарувања од други земји, но трошоците што ќе бидат со такво нешто предизвикани ќе ги платат потрошувачите. Европските производители на текстил добија малку време, зашто во 2008 година завршува преодната регулатива за трговијата со текстил и облека. Потоа, Кина ќе доминира со вакви производи во светската трговија.

Повеќе од четири децении светската трговија со текстил и облека се регулира со квоти и контингенти. Ваквиот договор за текстил во светот истече на крајот од 2004 година, но до 2008 година важат преодните правила.

Единствената причина за тоа е што некои земји ја преспаа структурната промена, или пак ја игнорираа. Тоа во Европа важи за Шпанија, Португалија, Грција, Италија и делумно за Франција, додека во Германија и Велика Британија, од некогаш важната индустриска гранка остана малку. Овде исчезна голем дел од текстилната индустрија. Покрај некои специјалисти и претпријатијата кои водат во светот во делот на индустриски текстил, преживеаја само производителите на високата мода. Тие преживеаја поради тоа што се во врвот на светскиот дизајн и квалитет.

Но, она што и натаму функционира во Германија е производството на текстилни машини. Тука доминираат германските и јапонските производители. Кина е една од големите муштерии. Притоа, во Кина не плетат милиони бабички пуловери за минимална плата. Ниските плати во конкуренцијата во светот играат улога, но во никој случај не најважната. Кина лиферува производи за широка употреба со извонреден квалитет и поволни цени, а притоа има висока флексибилност.

Платите во Виетнам, Бангладеш и Камбоџа се уште пониски, но производството во Кина е поголемо. Освен тоа таа располага со цел синџир суровини – на пример земјата е прва во светотпо производсво на памук.

Кога трговијата со текстил во 2008 година ќе биде целосно либерализирана, нема да има никаква смисла за заштита на европските производители од притисокот на ефтините увозници. Ваквиот обид е осуден на неуспех. Крајот на договорот за текстил со неговите квоти и контингенти е познат долго време. Единственото решение е пренасочување кон слободна трговија. Германија тоа го стори со големи загуби на фирми и работни места. Германија го прифати високиот дефицит во трговскиот биланс со текстил и произведува многу повеќе машини за текстил. Кој им се спротивставува на структурните промени и се држи до минатото, во време на слободна трговија не може да преживее.