1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Во виното е вистината, но и заработувачката

Македонското вино доби потврда за квалитетот и од претставници на ЕУ, а винарите совети како да се пробијат на пазарот. Германија е најголем увозник на македонското вино.

default

Виното е еден од најпознатите и најизвезувани македонски производи. Со докажан и надалеку прочуен квалитет. Речиси не постои љубител на овој пијалок кој го вкусил македонското вино, а не му се допаднало. Неодамна потврда за посебноста и признание за квалитот искажаа претставници на Европската унија, кои го следат руралниот развој во земјите-кандидати. По посетата на винските региони и дегустацијата на пијалокот на боговите, гостите од Брисел не ги штедеа комплиментите.

„Погледнете ја оваа прекрасна боја, овошен мирис, врвен квалитет“, рече Роберт Тинло, претседател на светската асоцијација на вински правници.

BdT Deutschland Sektflaschen in der Sektkellerei Kessler

Важно е и флаширањето на виното

Германија-најголем увозник на македонски вина

Најголем увозник на вината од Македонија е Германија. Квалитетот на македонското вино е добро познат на германскиот пазар. Секоја година од Македонија во Германија се извезува вино во вредност од 15 милиони долари. Но, во германските продавници не може секогаш да се најде шише вино со етикета на која е назначено дека виното е произведено во Македонија. За што станува збор? Македонија извезува наливно вино во Германија. Тоа патува во цистерни, а често го амбалажираат и го продаваат како сопствено германски винарии. Најголем предизвик за македонската винска индустрија во наредниот период е да почне самата да го пакува и како готов производ во шише да го пробие на германскиот и на останатите европски пазари. Македонско- германското стопанско здружение се обиде да им помогне во тоа. Првата недела од јули организираше посета на претставници од македонските винарии кај нивните германски колеги во Баварија.

Посета на винариите во Баварија

Македонските винари ги посетија најзначајните винарии и лозја во Баварија, меѓу кои познатото лозје „Лер“, државната визба на градот Вирцбург, која воедно е заштитена и од УНЕСКО, винарската визба „Кнол“ и лозјето „Зомерах“.

Weinanbau in Mazedonien

Македонски лозари

Претседателот на републичката установа за лозарство, пчеларство и градинарство, Антон Магер, ги претстави нормите и стандардите кои се поставени од ЕУ при производството на вино, особено строгите критериуми и правната рамка за продажба на виното во винотеките и угостителските објекти.

Препораките што ги слушнаа македонските винари се веќе познати.

„Европа не знае дека имате квалитетно вино. За да биде конкурентно, треба да биде познато. Треба да работите на промоција и извоз на амбалажирано вино, не може со наливно вино да се пробивате на европскиот пазар. Кога купувачот еднаш ќе ја види етикетата и ќе прочита дека шишето е призведено во Македонија, верувајте повторно ќе се врати и ќе го бара истото вино“, е препораката на винскиот експерт Роберт Тинло.

Совети за пласман на виното

Претставниците на македонските винарии и компании имаа можност да минат еден ден во фирмата „Кронес“, гигант во производство на машини за етикети, флаширање, пакување на вино, шампањ, пиво, безалхоколни пијалоци.

Од германските стручњаци за маркетинг слушнаа совети како подобро да се пласира македонското вино во ЕУ, при што треба да се стави посебен акцент не само на квалитетот на виното, туку и на шишињата, тапите и етикетите направени со добар дизајн и врвен квалитет. Како македонското вино да стане најпрепознатливата марка од Македонија?

Земјата има природни убавини и богатства да се наметене и со винскиот туризам, советуваат странците. Македонија да се претстави како туристичка дестинација, богата со винови лози, квалитетно вино, добра кујна и гостопримливи луѓе.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска