1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Виена треба да биде укината надгледуваната независност на Косово

Меѓународната управувачка група за Косово денеска треба да донесе одлука за укинување на надгледуваната независност на Косово.

Меѓународната управувачка група за Косово на денешниот состанок во Виена треба да донесе одлука од септември да биде укинат надзорот на косовската независност, соопшти Меѓународната цивилна канцеларија во Приштина.

Како што наведуваат приштинските медиуми, таква одлука ќе биде донесена без оглед на тоа што пакетот на меѓународниот посредник Mарти Ахтисари не е исполнет до крај, особено делот кој се однесува на формирање на нова општина Северна Митровица и што на тоа подрачје се’ уште не функционираат сите институции на Косово.

Во Приштина е соопштено дека на состанокот на Меѓународната управувачка група ќе присуствуваат премиерот на Косово Хашим Тачи, министерот за надворешни работи Енвер Хоџај и претставници на други институции на Косово.

На Меѓународната управувачка група и припаѓаат повеќето земји на ЕУ, како и САД и Турција. По прогласувањето независност на Косово, странските земји го задржаа правото на контрола, кое сега треба да биде укинато.