1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во Венеција со проектот „Помеѓу возвишеното и секојдневното“

На 13-то издание на архитектурата во Венеција, Македонија и годинава подржана од Министерството за култура ќе биде претставена со проектот на архитектонскиот колектив МЕТАМАК.

default

Венеција

Како да се мисли архитектурата денес фатена во прагматичните текови на општеството кое се менува? Дали може да биде возвишена, романтична, хуманистичка, визионерска и секојдневна во исто време? се запрашува архитектот Александар Радевски еден од двајцата куратори на проектот „Помеѓу возвишеното и секојдневното“ со кој Македонија годинава ќе се претставува во Венеција 2012 на најпрестижниот светски фестивал на архитектура: „Се чини, денес архитектурата станува се’ посложена, се’ повеќезначајна, се’ поманипулативна, се губи во облакот на секојдневното. Би требало повторно да се види во нејзините елементарни соодноси, геометрија, форма, материјал, употреба. Да се изведе од специфичното, идеосинкретичното, секојдневното и да се соочи со безвременото, резистентното ниво“.

Овој изложбен проект претставува презентација на 50 специфични дела поставени во идентича - различна - заедничка подлога, претставени како модели, дијаграми на полно – празно. Видени заедно претставуваат асамблаж на специфични објекти - заедничка подлога, идеален град. Претставени поединечно укажуваат на нивните идеални слики низ различните секојдневни одрази, ни ја претставува првичната макета, вториот куратор на проектот, архитектот Саша Тасиќ. „Токму двојството на возвишеното и секојдневното се изразува во соочувањето на специфичните конфигурации и идеалната заедничка основа. За да се видат партикуларните, специфични животни својства на архитектурата треба да се видат и нејзините универзални и идеални својства. Во таа смисла архитектурата спрема нас се поставува на еден замислен, безвремен, идеален (табула раса) исечок, во двојство на специфичното и идеалното, секојдневното и возвишеното“.

Дрвени плочи кои во основа ќе бидат златни над коишто ќе бидат поставени модели

Konzept des Mazedonischen Pavillons Architektur Biennale Venedig 2012

Концептот на македонскиот проектна биеналето во Венеција 2012

Медиумот што ќе биде применет во презентација на оваа изложба e се’ уште отворена не докрај дефинирана идеја. Во зависност од буџетот и павилјонот кој ќе го добиеме на Венециското биенале, дополнително ќе дефинираме, вели Тасиќ. „Но, почетната идеја претставува, тоа да бидат плочи, во материјал дрвени плочи што треба да бидат во основа златни, над кои ќе бидат поставени модели“.

„Неодамна како МЕТАМАК учествувавме на изложба во Њујорк каде се презентиравме со авторски дела и направивме публикација ’Персонален прирачник за правење архитектура’“, појаснува Тасиќ. „Во рамки на тој прирачник тоа е значи авторство во изминатите десет години и се гледа хронолошки. Станува збор за над 50 како што кажав проекти што се делумно изведени, делумно хартиени проекти‘‘.

МЕТАМАК е колектив на реномирани македонски архитекти во кој освен предлагачите на проектот, Александар Радевски и Саша Тасиќ учествуваат и архитектите, Никола Стрезовски, Бетим Зеќири, Дамјан Момировски и други што дополнително ќе бидат селектирани од кураторите, како автори на проектот.

Учеството на Венециското биенале за архитектура голем успех за Македонија

За можноста македонските архитекти, континуирано веќе пет години, финансиски подржани од Министерството за култура, да бидат дел од светската архитектонска елита во Венеција, Александар Радевски потенцира: „Во секој случај учеството претставува голем успех за нас како поединци, а воедно и како факултет, како институција. А секоја награда што евентуално би се добила би претставувала огромен успех за севкупната архитектонска сцена во Македонија“.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Симе Недевски