1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Во Бункер-галеријата: современата колекција Борос

Галеристите во Берлин бијат вистинска битка за да ги привлечат вљубениците на уметноста преку авторите кои ги презентираат и оригиналноста на просторот. Меѓу најпровокативните-бункер и специјален ресторан галерија.

default

Несекојдневна галерија

Бункерот, изграден среде војната во 1942 година за евакуација на граѓаните од станицата Фридрихштрасе во својата шестиполдецениска историја ги менуваше намерниците и сопствениците, но остана коцка непробоен бетон, во која и денес се живее. Во годините на бомбите тука се засолнуваа и до 3.000 луѓе. По војната беше руски затвор. Во ДДР-складиште за овошјето од Куба, популарно познат како “банана бункер”.

По обединувањето во 90-тите години па се до затворањето во 1996 , Бункерот беше синоним за техно и рејв журките. Под 3,5 метри дебелиот бетонски покрив владееше мрак се‘ до 2003 кога Бункерот беше купен од Кристијан Борос. Пет години траеше адаптирањето на внатрешноста. Од 120 простории со низок таван се формирани 80, во кои се изложени 500 дела на совремнени автори, почнувајќи од еден Дамиан Хирст, преку Тобисас Ребергер, Елизабет Пеитон и многу други познати, но и непознати уметници.

Галерија без куратори

За обиколка на збирката се чека со месеци, а Мелани Баумгартен, задолжена за посетителите, вели дека Бункерот нема куратори. За изборот на делата се грижи семејството Борос, а уметниците самите ги поставуваат.

"Собирам уметност која не ја разбирам. Станува збор за современа уметност, која многумина тешко ја разбираат, но е забавна - ја коментира Баумгартен определбата на збирката на чиј старт се две дела на Анселм Рајлер. Црна висока светкава скулптура, која потсетува на Хенри Мур, насловена како Енигма на животот и инсталација долги траки во 11 бои.

BdT Deutschland Bunker werden demontiert

Некогаш скривалиште, сега простор за уметност

"Последниве години Анселм Рајлер е звезда на пазарот на уметнички дела. Тој жонглира со различни уметнички идеи на 20 век и ги трансформира. Конкретно идејата за ова дело се африканските големи дрвени скулптури. Тука меѓутоа станува збор за бронзена склулптура. Не се гледа оти е од метал, зашто е покриена со црн светкав лак и остава впечаток дека е од пластика или вештачка маса, појаснува Баумгартнер.

Во еден дел од Бункерот, каде висината од подот до таванот е десеттина метри, импресивни се разиграните инсталации кои им даваат живот на сивите бетонски ѕидови.

"Делото на Катја Штрум на почетокот изгледаше сосема поинаку. Тоа се како гулаби од хартија, познати од детските игри, изработени во дрво, кои првично беа хоризонтало поставени. И во оваа просторија каде се обединети три ката, таа одлучи да ги постави вертикално“ - објаснува Баумгартен.

Дела на Елиасон

Многумина Бункерот го посетуваат поради деклата на Данецот Олафур Елиасон. Тука е една негова стаклена пумба со вода, па огледала каде се менува реалноста. Елиасон инаку е уметникот кој во јуни минатата година под Бруклин мостот во Њујоршки Менхетен инсталираше вештачки водопад. Во Берлин се дел од спиралите во боја кои до бесконечност се преплетуваат, но и нешто покласично - фотографии. Глечерите во Исланд, каде Елиасон минал дел од детството. Секоја година таму се враќал, ги фотографирал и овековечил како се менува природата, како се менува реалноста. Многу негови работи инспирацијата ја имаат во природата, во водите.

Галерија-ресторан

Истата тема - водата овој месец е актуелна и во Проектот “Загреус”, галеријата ресторан на Улрих Крауз кој студирал уметност, но подоцна се преориентирал на кулинарство и веќе 9 години го работи концептот кој ги обединува двете негови страсти.

"Се‘ што гледате е променливо.На уметниците им нудам празна просторија. Тие прават концепт. Како ќе се постави масата, каква ќе е светлината, мирисите, зидовите. Во принцип е како во театар. Човек доаѓа, ги доживува храната, уметничкиот и гастрономскиот концепт, кажува Крауз во чиј ресторант два месеца се изложени видеа чија тема е - водата.

"Филип Гајст веке повеќе години работи на проектот во кој филмуваше 20 европски реки. Преку монитор, кабел, микрофон и камера ги набљудуваше и филмуваше околината, дното, рибити, меурите, губрето во реките - вели Краус кој на менито деновиве нуди речни пастрмки. За сите оние кои ја сакаат и се подготвени да платат за новата уметност и старите гурмански специјалитети.

Автор: Силвера Падори

Редактор: Жана Ацеска