1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Во Бугарија во мода е „сивото“

Сивиот сектор достигна 40 отсто од бугарската економија, а кризата во еврозоната дополнително го овозможува неговото ширење. Во најголема загуба се обичните луѓе и чесните играчи на пазарот.

che

Сивата економија во Бугарија не само што не се намалува, туку бележи натамошен раст, алармираат последните спроведени истражувања. Според резултатите, сивиот сектор достигнува и до 40 проценти од економијата во земјата членка на ЕУ. Најзасегнати се градежништвото, туризмот и здравството каде во речиси 70 отсто од случаите се води двојно сметководство. За споредба, истражувањата на Светската банка од средината на 90-те години покажуваа дека сивата економија во земјата учествува со околу 36 отсто, а Бугарија беше на петто место во регионот на централна и источна Европа, зад Русија, Грузија, Азербејџан и Украина. Малку нешта се промениле по влезот на Бугарија во ЕУ.

Во центарот на Софија и денес можете да купите се’ што сакате без да ви издадат фискална сметка. Независно од заканите на политичарите, даночниците и полицијата, на пазарот на софискиот плоштад „Славејков“ за три минути ќе ви обезбедат пиратска верзија на кој сакате оперативен компјутерски систем или на познато музичко ЦД. Цигари без бандероли се продаваат масовно на улиците. Без разлика на сите најави, „сивото“ е во мода во Бугарија и ништо не може да го истисне.

Сите варијанти на „сивилото“

И покрај анализите на бугарското министерство за финансии во кои се тврди

Bulgarien: Sofia - Pirotska Einkaufsstrasse Kyrillische Schriftzeichen jetzt in der EU

дека сивата економија не преминува 20 отсто од БДП, според истражување на фондацијата „Фридрих Еберт“ во Бугарија нема прецизни податоци за трите варијанти на нелегалната економија: сивата (која опфаќа неплаќање даноци и социјално осигурување), црната (во која се произведуваат нелегални производи), како и натуралното стопанство.

Дополнителен проблем е и тоа што недостатокот на статистички податоци оневозможува да се откријат врските на сивата економија со организираниот криминал.

Кризата е дополнително гориво за распространување на сивата економија, вели управникот на германскиот трговски ланец „Метро“ во Бугарија, Емилијан Абаџиев. Во услови на криза многу фирми престануваат да плаќаат даноци.

„За распространетоста на сивата економија можам да ви дадам практичен пример. Пред неколку години кога премиерот Борисов им се закани на производителите на алкохол со санкции поради нелегалното производство, дистрибуција и неплаќање на акцизи и даноци, во само еден ден продажбата на алкохолни пијалоци кај нас се зголеми за 40 проценти“, посочува Абаџиев.