1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во Брисел со максималистички барања

Македонските преговарачи за олеснување на визниот режим во Брисел заминуваат со оптимизам и конкретна цел:до крајот на годината да ги убедат надлежните во ЕУ дека македонските граѓани заслужуваат полесно да патуваат во Унијата

default

Олеснување на визниот режим за македонските граѓани како чекор до целосна либерализација-ова е поентата од стратегијата со која в четврток пред евродипломатите во Брисел ќе настапат македонските преговарачи.Младите службеници кои ќе ги предводат преговарачките тимови Агнеза Руси и Антонио Санев во европрестолнината заминуваат со многу оптимизам и со конкретна цел:надлежните во Брисел да ги убедат во тоа дека македонските граѓани заслужуваат полесно да патуваат во Европа:

-Првата категорија е намалувањето на бројот на документи со кои се оправдува целта на патувањето.Вториот тип на визно олеснување е укинување на визната такса.Понатаму трет вид олеснување е укинување на бројот на работни денови во кој што се процесуира визната апликација,вели шефицата на македонскиот преговарачки тим за визите Агнеза Руси од МНР.

Македонските преговарачи откриваат дека ќе настапат со максималистички барања,олеснувањата да ги почувствуваат што поголем број граѓани,не само студентите и бизнисмените,туку и студентите во јавната администрација,транспортерите,екипажите на возови и авиони.До целосното укинување на визите според преговарачите ќе поминат три до четири години.Дотогаш Македонија мора да ги исполни целосно преостанатите услови што од неа ги бара Унијата-да испечати модерни пасоши,да го стави во функција визниот центар,целосно да ги компјутеризира и да ги поврзе граничните премини,да ја договори реадмисијата.Новина од Брисел е дека наместо повеќе билатерални,сега ќе треба да се потпише еден хоризонтален договор за реадмисија,односно за враќање на лицата со нелегален престој што ќе важи за целата Унија.

Санев,кој е одговорен за преговрите за реадмисијата објаснува:

-Чекорот што го прави Брисел е во таа насока да со еден договор се заврши процедурата што е можно побрзо и граѓаните да осетат реална корист од тоа што ќе го правиме.

Додека државниот тим се подготвува за преговарачката мисија,опозицијата предупредува дека договорт за визниот режим што ќе го понуди Унијата е неповолен за Македонија.Поранешниот државен секретар во МНР Емил Киријаз изјави:

-Тој документ не предвидува укинување на визните такси,предвидува т.н. олеснување на визниот режим само за мала категорија граѓани.

30 ноември во Брисел ќе ја означи само првата од неколкуте рунди преговори со Унијата за олеснување на визниот режим за македонските граѓани,наредната ќе биде во Скопје,најверојатно во јануари.