1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Во Брисел продолжува дијалогот Белград-Приштина

Премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи во Брисел го продолжуваат дијалогот меѓу двете страни, овојпат фокусирајќи се на правосудството, полицијата, телекомуникациите и енергетиката.

Преговорите меѓу претседателите на владите на Србија и на Косово се одвиваат со посредство на високиот преставник на Европската унија ( ЕУ ) за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон.

Тачи и Дачиќ мора да најдат решение и за локалните избори на Косово во ноември годинава, имајќи во предвид дека политичките и општинските преставници на косовските Срби засега најавуваат дека ќе ги бојкотираат изборите, бидејќи истите се во склоп на косовскиот изборен систем, иако со договорот меѓу Белград и Приштина предвидено е формирање на заеднички српски општини.

Минатата недела српскиот министер за правда Никола Селаковиќ во Брисел го предводеше тимот на Белград на техничките преговори за правосудството, формирањето на судовите и обвинителствата во српските општините на Косово.

По последната рунда на преговори на 8-ми јули, Дачиќ изјави дека е остварен одреден напредок околу прашањата за телекомуникациите и енергетиката, и дека Приштина ветила дека ќе го изгласа законот за амнестија.