1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Во борба против насилството и расизмот

Насилството и еднакво лошата појава на расизам , зачестено го потресуваат фудбал во Германија но и во другите европски земји последно време. Германската фудбалска федерација и Германската фудбалска лига поради тоа вчера одржаа вонредна седница на која беше постигнат договор за формирање на специјален орган кој ќе се ангажира против насилството и непријателските испади кон странците на стадионите

Тео Цванцигер, претседател на Германската фудбалска федерација

Тео Цванцигер, претседател на Германската фудбалска федерација

Само во последниве недели такви инциденти се случија на неколку стадиони ширум германсија . Овој проблем кој беше потиснат од прекрасното Светско Првенство во германија одново е во фоокусот на вниманието на спортската јавност . Но во текот на минатиот викенд чшата беше прелеана со инцидентите на стадионите во Штудгарт , Аугсбур и Берлин каде за време на натпреварите од пониските лиги се случија серија непријатни инциденти.

Ние сакаме да имае фудбал , на кој децата и младите ќе можат да одат си своите родители без да се грижат дека таму би можеле да бидат вовлечени во сцени на тепачки и насилни судири- изјави на вонредниот состанок на германската фудбалска федерација и германската фудбалска лига , претседателот на федерацијата Тео Цванцигер.

Во таа насока беше договорено формирање на специјално тело кое ќе се ангажира во насока на спречување на натамошни појави на насилство и расизам на германските стадиони . Целта е да се засили надгледувањето и да се изготват мерки за спротиставување на насилничките испади и расизмот .

Претстедателот на фудбалската федерација Цванцигер ја призна одговорноста која ја има ова тело во спречувањето на ваквите инциденти но побара помош од полицијата и политиката .

Конрад Фрајберг , претседател на здружението на полициските синдикати меѓутоа смета дека Фудбалската федерација треба позасилено да се ангажира во работата со навивачите на фудбалските клубови ;

“Германската фудбалска федрација е одговорна за фудбалот , за добриот углед на фудбалот , за радоста што е поврзана со него. И федерацијата има пари и мора да ги поттикне проектите за навивачите во овие клубови . Таа мора да се ангажира околу тоа ,, за да ни успее да го намалиме насилството , и на фудбалот одново да му овозможиме да блеска