1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Во борба против катастрофи - нон стоп

Центарот за вонредни ситуации на ЕУ отсега ќе работи постојано. Неодамнешните шумски пожари на Балканот покажаа колку е важен овој центар.И Македонија Исланд,Норвешка и Лихтенштајн се приклучија на системот.

Седиштето не делува импресивно. Тоа е само една соба, околу 50 метри квадратни со стаклени ѕидови, опркужена со канцеларии во една од многуте згради на ЕУ во бриселското седиште. Електронски мапи и телевизиски екрани се обесени на ѕидот, додека седумте вработени седат на нивните компјутери. Овојпат се малку повеќе од вообичаено бидејќи во јужна Европа е во пламен од пожари.

Центарот за управување со вонредни ситуации само што доби барање за помош од Босна и Херцеговина бидејќи земјата не може сама да се справи со шумските пожари. Поради интервенцијата на ЕУ центарот за кризи, соседот Хрватска испрати два противпожарни авиони. Снимки од нивните операции можат да се видат на екраните.

Набљудување и реакција за вонредни ситуации

Според Петер Билинг, потпретседател на Центарот за реакција за вонредни ситуации, центарот има три важни задачи. Прво, вработените ги набљудуваат природните појави ширум светот за што побрзо да забележат можни закани од пожари, поплави и земјотреси. Технолошките катастрофи исто се дел од ова набљудување. Второ, центарот служи и како клириншка куќа, собирајќи и разменувајќи информации за катастрофи и кризи помеѓу земјите-членки со цел да се помогне да ги преземат вистинските противмерки. И последно, но не и најмалку важно, центарот ги координира операциите со цел да нема земји-членки кои ќе ги преземат истите противмерки за еден ист инцидент.

Mallorca Waldbrand Löschflugzeug

Европската унија има повеќе од 10 години искуство во борба со шумски пожари

Сепак, земјите-членки го имаат последниот збор. Бриселскиот центар не реагира веднаш за секоја природна катастрофа или поголем инцидент - погодената земја мора да биде преоптоварена, а тоа варира драстично од земја до земја. Центарот во Брисел координира околу 30 операции годишно.

Важна е секоја минута

Европската унија има повеќе од 10 години искуство во борба со шумски пожари. Но со формирањето на Центарот за кризи во мај годинава, работата е надградена - центарот е постојано подготвен, 24 часа на денот, седум дена во неделата. Но, постојаниот систем од двајца вработени на повик ќе се смени.

Бидејќи важна е секоја минута кога се работи за справување со катастрофи, „ќе бидат присутни најмалку двајца колеги постојано, 365 дена во годината“ почнувајќи од октомври, вели Билинг.

Тој исто така дополнува дека вработените во канцеларијата можат да стапат во контакт со националното седиште на центарот за кризи на сите 32 земји-членки само за неколку секунди. „Ако ја кренеш слушалката и стиснеш копче, директно ќе бидеш префрлен во Финска или Франција. Се‘ е однапред програмирано за да има брза и ефикасна реакција во вонредна ситуација“.

Не се вклучени само земјите-членки

32 земји-членки? Нели ЕУ има само 28 членки откако Хрватска неодамна се придружи? Да, но и Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Македонија се приклучија на системот.

А операциите не се само за Европа. Секоја земја во светот може да побара поддршка од центарот. Всушност, поголемиот број од операциите се одвиваат надвор од Европската унија.

Brüssel EU Notfallabwehrzentrum

Вработените во центарот ги набљудуваат природните појави ширум светот за што побрзо да забележат можни закани од пожари, поплави и земјотреси

Простор за подобрување

Меѓутоа, се` уште има некои проблеми со системот. Според Билинг, една од слабостите е тоа што се финансира преку донации од земјите-членки во зависност од ситуацијата. „Ова може да донесе проблеми бидејќи никогаш не можеме да предвидиме дали сме во можност да одобриме барање за помош“, вели Билинг. На пример, со неодамнешните шумски пожари во БиХ, центарот не беше во можност да ги закаже двата противпожарни авиони од самиот почеток.

Центарот за кризи предлага земјите да организираат екипи за помош при катастрофи, експерти и опрема, што центарот во Брисел би можел да ги користи во било кое време. Ова ќе спаси драгоцено време, истакнуваат од центарот.

Мрежа на вработени

Вкупно, околу 40 луѓе работат во Центарот за кризи во Брисел. Тие доаѓаат од различни европски земји со цел да се покријат различните јазици и регионалните карактеристики. Некои од вработените се службеници од Европската комисија; други се испратени од земјите за одреден период.

Вработените исто така доаѓаат од различна професија. Има сеизмолози, географи и геолози; но исто така и социјални или политички научници, како Билинг. За него, најважно е да се изгради широка мрежа со контакти во нивните земји на потекло.

Билинг вели дека работата понекогаш е напорна, но исто така е и задоволувачка. „Да те викнат во три часот наутро не е забавно. Но ако имаш чувство дека можеш да им помогнеш на жртвите од катастрофите, да спасиш животи и да заштитиш културни богатства, тогаш мислам дека е професија што многу исполнува“.