1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Во Бон отворена изложба: од ризниците на Тутанкамон

Првпат по повеќе од 20 години во Германија можат да бидат видени ризниците на легендарниот фараон Тутанкамон.Во центарот на изложбата во Бон се околу 50 најзначајни наоди од гробницата,која ја откри британскиот истражувач Хауард Картер во 1922 година во Долината на кралевите.

default

Тој беше моќен,ја револуционираше тогашната египетска империја и умре на таинствен начин,до денеска фараонот Тутанкамон го фасцинира светот како ретко која друга историска фигура.

Дека ова одушевување може да биде добро за разбирање меѓу народите,беа единствени германскиот канцелар Герхард Шредер и египетскиот претседател Хосни Мубарак на отворањето на изложбата во Бон.Оној кој се впушта во туѓиот начин на живот во минатото,учи исто така нешто и за сегашноста,изјави канцеларот Шредер:

“Културната размена ја сметам за нешто многу пошироко отколку средба со културата,што исто така е политички значајно.Само тој кој знае да прави разлика,а тоа се учи преку соочувањето со културата,само тој може да се заштити себеси од паушални судови за другите.Европа има голем интерес за уметноста и културата на старите фараони",потенцираше канцеларот.

Египетскиот претседател Мубарак се сложи со Шредер дека заедничка цел е приближување меѓу луѓето во Германија и Египет.

Кон тоа придонесува и занимавањето со уметноста,изјави Мубарак:

"Пораката од оваа изложба треба да биде дека културата секогаш била и ќе биде најцврст мост на дијалогот.Историјата на фараоните,со сето она што донесува во текот на епохите преку божествата и вниманието кон религиите,е еден од столбовите на кои се придржуваме во хуманистичкиот дијалог меѓу муслиманите,христијаните и Евреите врз основа на еднаквост и заеднички интереси”,рече Мубарак.

Халата во Бон ќе ги презентира богатствата од гробницата на Тутанкамон половина година,до 1 мај 2005 година.