1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Во богатата Германија расте сиромаштијата

Во Германија повеќе луѓе од кога и да било досега имаат работа. Но за сѐ поголем број од нив заработувачката не стигнува за живот. Посебно е голем ризикот од сиромаштија за младите, старите лица и жените.

Покрај растечкиот број на вработени лица бројот на луѓето загрозени од сиромаштија во Германија во изминатите години се зголеми. Ова произлегува од извештајот „Датенрепорт 2013“ изработен на 400 страници во соработка на германскиот Завод за статистика, Сојузната централа за политичко образование, Научниот центар Берлин и Институт за економски истражувања. Според него бројот на лица загрозени од сиромаштија од 15,2 во 2007 се зголемил на 16,1 проценти во 2011 година.

Symbolbild Altersarmut in Deutschland

Ризикот од сиромаштија е голем за пензионерите

Генерално од сиромаштија во Германија се повеќе погодени жените отколку мажите, се вели во извештајот. Според сознанието на статистичарите и социјалните експерти ризикот за сиромаштија значително расте кај 55 до 64 годишните луѓе. Меѓу младите на возраст од 18 до 24 години за секој петти постои опасност од сиромаштија. И кај оваа група се регистрира тенеденција во нагорна линија. Погодени се и луѓето со ограничено или половично работно време под 21 часови, мини вработувања или работи за ограничен временски период.

Растечката сиромаштија во Германија се регистрира и покрај поволниот развој на пазарот на трудот. Претседателот на Заводот за статистика Родерих Егелер укажа на тоа дека во септември за првпат беше надмината границата од 42 милиони вработени. Од 2006 година се забележува јасен позитивен тренд на пазарот за работна сила. „Во 2012 година околу 2,8 милиони лица повеќе имаа платена работа во споредба со 1991 година“, укажа тој.

Исто така луѓето кои се загрозени од сиромаштија имаат полоши изгледи и од здравствен аспект. Просечниот животен век на мажи од групата со пониски примања е речиси единесет години помал во однос на мажите од групата со повисоки примања. Кај жените разликата иснесува околу осум години.

Според проценките на статистичарите во пораст ие и долготрајната сиромаштија. Во 2011 година 40 проценти од лицата загрозени од сиромаштија биле сиромашнии во изминатите пет години. За сиромашен се смета оној кој во 2011 година заработил помалку од 980 евра.