1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во Берлин свечено е отворен централниот германски споменик на холокаустот

На отворањето му претходеа 20-годишна дебата и две години работа врз неговото подигнување.

Споменикот на холокаустот во Берлин

Споменикот на холокаустот во Берлин

„Денеска отвораме споменик кој потсетува на најтешкото,

највчудовидувачкото од злосторствата на нацистичка Германија, на обидот да се уништи еден цел народ. Овој споменик им е посветен на Евреите од Европа“ – рече претседателот на германскиот Бундестаг Волфганг Тирзе на свеченото отворање.

Споменикот за шесте милиони европски Евреи убиени од национал-социјалистите се состои од 2711 бетонски блокови од различна големина и едно подземно „Место за информација“. Комплексот е дело на американскиот архитект Питер Ајзенман и се наоѓа среде владиниот кварт во Берлин.

Со својата одлука за подигнување на споменикот Бундестагот свесно се определи „дека оваа обединета Германија ја признава својата историја“. Ниедна друга нација не го стави во центарот на својот главен град сеќавањето на „најголемото злосторство во својата историја“. Тирзе искажа очекувања дека споменикот „ќе развие голема емоционална сила“ и надеж дека токму младите луѓе ќе бидат трогнати од тоа и со прашања ќе го побараат Местото за информација.

Претседателот на Централниот совет на Евреите во Германија Паул Шпигел го означи споменикот како важен и наопходен сигнал против заборавањето, но забележа дека му недостасува укажување на сторителите, го поштедува набљудувачот од прашања за вина и одговорност.

На денешната свеченост присуствуваа околу илјада гости, меѓу нив и сојузниот претседател Хорст Келер и канцеларот Герхард Шредер.