1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во Берлин поздравено продолжувањето на реформите во Македонија

”Фактот што вчерашниот референдум против реформите на општините не ја обезбеди потребната квота и не успеа, покажува дека мнозинството од македонскопт народ е за продолжување на реформите што се опфатени со Охридскиот рамковен договор”.

Ова од името на германската влада го изјави Антје Лендерце, портпарол на министерството за надворешни работи. Лендерце едновремено забележа дека германската Влада го поздравува исходот и смета дека децентрализацијата е основа на Охридскиот документ и значајна за доближувањето на Македонија кон Европската Унија.

Ова е официјалната реакција од Берлин по вчерашниот рефереднум во Македонија, кој безрезервно го поздравија и парламентарците и експертите со кои разговаравме.

”Најпрво е зачајно е што референдумот толку јасно не успеа. Не станува збор за стотина гласови, туку учеството беше под 30 проценти. Со ова се потврди мислењето дека мнозинството од македонското население е за продолжување на патот на Охридскиот договор” истакна социјалдемократот Гернот Ерлер,

кој отворено го манифестираше задоволството од исходот и според кого успехот на референдумот би бил опасен и би значел назадување во напорите кои се преземаат во рамките на процесот на стабилизирање и асоцирање со ЕУ.

”Многу сум задоволна што референдумот кој го иницираа конзервативците не успеа, зашто тоа би значело назадување за Македонија, вракање на етничките затегнатости и чекор назад на патот кон Европа” смета и Ангелика Беер, експерт за одбрана и европарламентарец од редовите на Сојузот90/ Зелени, според која малиот одзив на гласачите укажа дека македонската влада ќе биде посилна да го спроведе целосно Охридскиот договор, што претставува доближување до Европа.

Задоволство од неуспешниот референдум и малиот одзив на електоратот изрази и Герд Вајскирхен од редовите на СПД кој подвлече дека ”посебно радува што не само мнозинството од албанското, туку и од македонското население заеднички вака одлучило. Ова значи дека ќе биде забрзан процесот на вклучувањето во европските структри, односно ЕУ и НАТО ќе треба да дадат еден позитивен одговор на ваквите позитивни резултати.

Што ќе значи, пак, позитивниот исход од Референдумот за иднината на Македонија во контекст на ЕУ и околу спорот со името со Грција, Ангелика Беер појаснува ” Македонија добива голема поддршка од ЕУ и Германија. "Сметам дека предлогот на Америка околу името е значаен. Македонија има право да биде нарекува како сака - Република Македонија. Сметам дека времето на студената војна е минато и толкувањата дека Македонија би имала територијални претензии на одредени подрачја на Грција - не држат. Македонија не е закана за соседите”.

Според либералот, Рајнер Штинер, могумина на референдумот и неговите иницијатори гледаа како на незаинтересираност за мултиетничкото живеење. И ваквата тенденција е одбиена зашто е поддржано дека децентрализацијата ќе се спроведе, а со тоа ќе продолжи и мултиетничкото живеење. Тој пак за иднината на Македонија сега по референдумот забележува дека е јасно дека меѓународната заедница е подготвена да и помогне на Македонија на патот кон Европа. Јасно е и дека НАТО е подготвен да преговара и Македонија, доколку е возможно, да стане членка во 2007 година. Тоа се сите позитивни сигнали за патот на Македонија кон Европа и се надеваме дека македонското општество ваквата понуда од Европа ке ги прифати и ке ги продолжи реформските процеси.

За иднината на Македонија по референдумот Ерлер подвлекува

”Сега сме многу пооптимисти отколку пред референдумот, дека може понатаму да се изоди патот што е во рамките на Спогодбата за стабилизирање и асоцирање. Тоа е перспектива за Македонија", забележа Ерлер кој одговарајки на прашањето дали сега по референдумот и признавањето на уставното име од страна на САД, и ЕУ ќе преземе некои чекори, го потврди ставот на Бундестагот дека времето е созреано за решавање на проблемот меѓу Македонија и Грција, дополнувајки дека ќе се настојува процесот околу името на земјата да се разреши и да се донесе до добар крај.