1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Во Берлин: изложба која ја поларизира јавноста

По повеќе претходни не успешни обиди на Фридрих Кристијан Флик во други градови со официјална поддршка да ги презентира делата од својата колекција, во Берлин синоќа беше отворена изложба која уште во предиграта предизвика жестоки полемики.

Колекционерот Флик и канцеларот Шредер на отворањето на изложбата

Колекционерот Флик и канцеларот Шредер на отворањето на изложбата

Фридрих Кристијан Флик е внук на велеиндустријалецот Фридрих Флик, најголемиот испорачувач на оружје во хитлеровиот Трет рајх, еден од првите кој користеше принудни работници ангажирајќи и до 60 илјади од нив. “Никогаш не реков дека сакам да ја разубавам темната страна на семејната историја, при што мислам на злосторствата на мојот дедо за време на Третиот рајх. Тоа не може да се разубавува, уште помалку со уметност. Секогаш велев дека кон една темна страна на семејната историја, подоцнежните генерации сепак можат да додадат една посветла страна” – вели колекционерот на уметнички дела Фридрих Кристијан Флик.

За Саломон Корн, потпретседател на Централниот совет на Евреите во Германија, изложбата е еден вид морално перење дамки од крвави пари во општетствено прифатлива форма. Пратеникот на ЦСУ во Бундестагот Норберт Гајс искажа сомневање дека “токму еден германски даночен бегалец” - Флик имено живее во Швајцарија - со изложбата сака да си подигне споменик. “Може ли на внукот целосно да му се префрли товарот на тие години? Има ли воопшто континуитет на вината? Сите ние треба да се соочиме со овие прашања. Не треба ли всушност да се постават сосем поинакви, непријатни прашања за сите? Кој води дебата, треба да праша и врз каков темел стојат големи делови од германското стопанство и дали она што се нарекуваше денацификација беше доволно обемно?” – реагира државниот министер за култура Кристина Вајс.

Самиот Флик, инаку вложи 8 милиони евра за уредување на објектот во кој е презентирана изложбата. Од неговата колекција, една од најзначајните збирки на модерна уметност од преку 2 илјади дела, претставени се 400. Застапени се слики, скулптури, фотографии, видео-уметност и инсталации во просторот.