1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Во Берлин започна Зелената недела

Од денеска (17.01) е отворен саемот Зелена недела во Берлин и за посетители. На најголемиот саем за аграр во светот се очекуваат околу 400.000 посетители.

Денеска во Берлин започна 79. Зелена недела. На најголемиот саем за аграр и исхрана во светот се презентираат 1.650 излагачи од 70 земји.

Во халите на саемот посетителите на многуте штандови можат да пробаат специјалитети од целиот свет или да разгледуваат различни растенија. Оваа година земја партнер на саемот е Естонија.

При традиционалната прошетка на отворањето, германскиот министер за земјоделство Ханс-Петер Фридрих истакна дека саемот за земјоделците бил извонредна можност да претстават производи од добар квалитет.

Едно од тежиштата на саемот се биолошките производи и еколошко земјоделство. Овој сектор полека се развива во мотор на пазарот на трудот. Имено бидејќи сѐ повеќе корисници полагаат во биолошките производи, еколошкото земјоделство доживува бум. Цените на месото, овошјето и зеленчукот со биолошко потекло исто така се значително повисоки од цените на конвенционалните производи.

Организаторите на Зелената недела до 26. јануари очекуваат повеќе од 400.000 посетители. Исто така и експертите и министрите за земјоделство од голем број земји во светот и оваа година го најавија присуството на саемот за земјоделство, исхрана и градинарство.