1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Во Берлин е клучот за излезот од кризата?

Францускиот претседател Никола Саркози, шефицата на ММФ, Кристин Лагард, италијанскиот премиер Марио Монти-во Берлин оваа недела е во тек кризен менаџмент, ситуацијата во еврозоната е тензична како никогаш досега.

default

Ангела Меркел и Кристин Лагард

Кога некој добива пари за потоа да ги позајмува, значи нешто тргнало наопаку. Токму таков е случајот со финансиските пазари денес. Кога во понеделникот(09.01.) беа понудени германски хартии од вредност од околу осум милијарди евра, интересот беше толку голем, што штедачите првпат беа подготвени дури и да се откажат од камата и да платат безбедносни премии.

Германија како сигурно пристаниште? На многумина вложувачи Германија им се чини како последниот бастион во од кризи потресуваниот европски простор. Економијата доживува бум, невработеноста се намалува, а граѓаните како да не се посебно загрижени. А канцеларката Ангела Меркел во еврокризата се чини ги држи сите конци во рацете?

И во оваа година политичкиот врв чека во редица пред нејзиниот кабинет. Во понеделникот канцеларката го прими францускиот претседател Никола Саркози, во вторникот шефицата на ММФ, Кристин Лагард. Покрај ЕУ, ММФ учествува со милијарди евра во актуелните финансиски програми за помош на Грција, Ирска и Португалија. Денеска гостин во Берлин е италијанскиот премиер Марио Монти, кој ја информира Меркел како планира да ја совлада должничката криза во Италија и да го спречи заканувачкото пониско рангирање на кредитоспособноста од страна на рејтинг агенциите.

Angela Merkel Nicolas Sarkozy Mario Monti

Ангела Меркел, Никола Саркози и Марио Монти

Тензична ситуација

За време на празниците речиси падна во заборав дека Европа се наоѓа во една од најтешките кризи. Но, тоа што и на политичарите им требаше мало олабавување, не значи дека проблемите исчезнаа. Во Грција тензијата е толку голема, што никој не би се чудел ако земјата доброволно се врати кон драхмата.

На викендот протече веста за сомнежот на ММФ во грчкиот план за санација. Деновиве „тројката“ од ЕК, ММФ и ЕЦБ одново ќе ги проверува реформските чекори на грчката влада. Грците мора да штедат уште повеќе, се вели, Лагард очигледно смета дека тие нема да успеат во тоа.

Вест, која Меркел нерадо ја прима. Канцеларката сака по секоја цена да ги задржи Грците во еврозоната, во што е единствена со Никола Саркози. Французинот моментно води борба на повеќе фронтови. Кризата, се разбира, но во април тој оди на избори. Консеквенца-дотогаш Саркози не би сакал никаква катастрофа. Ако Грција го полоши оружјето и се збогува со еврозоната, би бил вистински гром.

Што ќе биде ако „падне“ Грција?

Саркози и Меркел значи ќе се обидат се‘ за да ја задржат Грција на курсот. Како, не е јасно. Преговорите со банките за отпис на долговите треба скоро да завршат. Најдоцна во март на Грција и‘ треба нова финансиска помош од околу 130 милијарди евра. Но, што ако „тројката“ не даде зелено светло за парите? Дали Грција тогаш ќе банкротира и какви ќе бидат последиците за другите држави? Пред банкрот е и Унгарија, што силно би ја засегнало Австрија, која е финансиски ангажирана во Унгарија. Тука се уште и Италија, Шпанија, Португалија и Белгија-сите потенцијални проблематични кандидати.

Италијанците неодамна мораа да понудат седум проценти камата за да дојдат до свежи пари. Во 2012-та година стасуваат за наплата италијански обврзници во вредност од повеќе од 300 милијарди евра, кои мора да бидат рефинансирани со нови кредити. Ако вложувачите повторно бараат седум проценти, тоа би бил пат кој ќе води кон руинирање. Премиерот Марио Монти затоа во Берлин бара поддршка од ЕУ, укажувајќи на извршувањето на домашните задачи-силно стегање на ременот.

Поголем раст и повеќе работни места

Европејците не можат да излезат од кризата само со програми за штедење. Ова ќе биде тешка година за светското стопанство, прогнозираше шефицата на ММФ, Лагард, а сите економски експерти и‘ даваат за право. Во ваква состојба црвениот молив, ако пресилно се употреби, би делувал уништувачки.

EU Griechenland Finanzkrise Euro-Krise 1 Euro Münze und 10 Drachmen Münze

Евро или драхма, со што ќе плаќаат Грците во иднина?

Германската канцеларка го знае тоа. Затоа не се залага само за засилување на мерките за штедење во европскте договори, туку за изградба на втор столб, што би се потпирал на поголема конкуренција, поголем развој и повеќе работни места. И-повеќе оптимизам, гласи побожната желба. По црната 2011-та, 2012-та година треба да биде година на одлуки и пресврт кон подобро. Не случајно Меркел и Саркози во понеделникот најавија можно воведување данок на финансиски трансакции само за еврозоната. На 30-ти јануари претстои следниот вонреден самит на ЕУ. Тој треба да понуди нешто супстанцијално за да ги смири финансиските пазари. Тоа премногу добро го знаат Меркел, Саркози, Лагард, Монти и другите учесници во кризниот менаџмент. Зашто, согледаа дека пазарите досега малку го ценат она што беше објавено по „историскиот“ самит на ЕУ во декември. Вложувачите остануваат сомничави, а се‘ додека се такви, спиралата на негативност нема да запре.

Автор: Сабине Кинкарц/ Ж.Ацеска

Редактор: Борис Георгиевски