1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во Берлин демонстрации против Харц 4 и нерамноправноста на новите и старите покраини

default

Многу свирежи, транспаренти од типот ”Стоп за Харц 4”, ”Сопрете ги профитерите”, ”Оваа политика е за в ѓубре”, ”Работа за сите”, ”Канцеларот да си оди” и бели балони со пораката ”Не - за Агендата 2010”, беа белег на двете синоќешни паралелни демонстрации во Берлин, на кои повеќе од 20.000 граѓани од различни возрасти, со загрижени лица протестираа против законите кои носат скусувања во социјалната поддршка на невработените од државата, но и против, како рекоа многумина - натамошното дискриминирање на Истокот.

”За мене Харц 4 значи да не знам што да правам со моето дете! Нема да може да оди ни на екскурзија, ни в кино... Ова ме уништи! - е револтираниот коментар на Анке Лиман, која неколку години е невработена и според која расцепот меѓу источниот и западниот дел од земјата уште повеке ќе се зголемува.

Ни за Ули, пензиониран електричар, Харц 4 не е решение за невработеноста, зашто капитализмот и неговите законитости си остануваат – притисок за намалување на вработените и на платите кои, пак, во новите покраини се различни од Западот. Според него, многу е лошо што Истокот се уште добива помалку од Западот. Социјалната помош не е иста, платите се помали , се е пониско, што е неправедно 15 години по обединувањето!

”Харц 4 го сметам за страшен! Невработена сум. Фирмата каде работев пропадна, а само до крајот на септември ќе примам надоместок. Со 60 години тешко дека ќе најдам друга работа” вели Марион Фос која се надоврза на различните надоместоци што се предвидени со регулативата за Истокот и Западот, макар што се само десетина евра и забележува ” Луѓето од истокот се дискриминирани!”, додека Гитле Фокс кусо дополнува дека на Исток се работи за помалку пари, и се работи подолго одколку на Западот!

Погоден од Харц 4 е и Вернер Фишер, кој работата ја смета за завршена, иако е на протестот секој понеделник. Тој смета дека и натаму ќе мора да се штеди - на храната и облека, но има малку ставки каде може да се затегне ременот и во основа нема повеќе слободен простор. Вернер Фишер знае дека има различни услови меѓу Истокот и Западот, но смета дека станарините и прехрамбените продукти чинат исто. Енергијата, струјата, водата, дури се и поскапи на Истокот и не би требало да има разлики во поддршката што ја дава државата. Не е едноставно, но неговата порака е дека ”парите се тука, во оваа земја - Сојузна Република Германија! По 800 евра плус станарина има за секого. Парите се тука и само треба подобро да се поделат.”!