1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Бенгази не било испратено бараното засилување

Во американскиот Конгрес се отвори расправа во врска со убиството на амбасадорот во Либија. Сведоци тврдат дека амбасадата не го добила бараното засилување.

Американскиот Конгрес отвори истрага во врска со нападот врз конзулатот во градот Бенгази, каде беше убиен амбасадорот Кристофер Стивенс и уште тројца Американци. Според сведоштвото на безбедносен офицер, кој бил распореден во Бенгази пред нападот, тој побарал дополнително засилување за да се обезбеди објектот, но Стејт департментот го одбил барањето.

„Имаме 15.000 безбедносни агенти во Ирак, но не можеме да си дозволиме неколку дузини во Либија? Ова нема логика. Резултатот е дека го имаме првиот убиен американски амбасадор од 1970-те години“, изјавил конгресменот Џејсон Чафетз, член на комитетот за надзор на Конгресот.

Сведокот Ерик Нордстром, кој бил распореден во Либија како безбедносен офицер на Стејт департментот, сведочел дека во март и во јули поднел барања до Вашингтон да му бидат доделени повеќе стражари, поради големиот број инциденти кои се случувале во Бенгази и низ Либија.

На затворената седница на комитетот на Конгресот Нордстром сведочел дека неговата претпоставена во Стејт департментот го држела обезбедувањето во Либија на вештачки ниско ниво. Клучните сведоштва во Конгресот се предвидени за денес.