1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Во Ајндховен дуел Македонија-Унгарија

Македонската ватерполо репрезентација денеска (19.01.2012) го игра третиот меч на Европското првенство кое се одржува во холандскиот град Ајндховен против тимот на олимпискиот шампион Унгарија.

default

Ватерполистите на Македонија ќе се обидат да обезбедат бодови против фаворизираната Унгарија, откако пред два дена беа поразени од селекцијата на Грција со 10:6.

Претходно, во првото коло, македонскиот тим успеа да доминира над селекцијата на Турција, победувајќи ја со високи 16 спрема 4.

По натпреварот со Унгарија, во наредните денови следуваат дуелите со италијанската и холандската селекција, по што ќе биде заокружена првата фаза во групата „А“ каде е и репрезентацијата на Македонија.

Автор: ЖА/АТ/миа

Редактор: А. Трајковска