1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во Атина средба на Бесими и Аврамопулос

Македонскиот вицепремиер задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска (08.05) во Атина ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Аврамопулос.

На средбата, според информации на кабинетот на Фатмир Бесими, треба да се разговара за билатералната соработка и за европските интеграции. Посетата на Бесими на Атина ја најави и грчкото Министерство за надворешни работи, без да соопшти детали за планираната средба со Аврамопулос.

Грчкиот весник „То Вима“  денешната средба на шефот на грчката дипломатија со вицепремиерот Бесими ја става во контекст на, како што се наведува, „барањето од страна на Атина канали за комуникација во Скопје во обид да се олесни решавањето на ќорсокакот околу прашањето за името, и покрај непопустливоста на премиерот Никола Груевски“.

Според агенцијата МИА, во написот спроти посетата под наслов „Се бараат соговорници во Скопје“, весникот пишува дека Бесими е од албанската партија ДУИ, која е дел од владината коалиција и се смета за умерен политичар. Воедно, потсетува дека тој веќе се има сретнато со Аврамопулос во времето кога двајцата функционери беа министри за одбрана. Коментирајќи ја средбата Аврамопулос-Бесими, висок дипломатски извор за „То

Вима“ изјавил: „Разговараме со секој што сака да соработува“. Весникот наведува дека „Албанците во Македонија жестоко ја поддржуваат евроатлантската перспектива на Скопје и Атина понудила експертиза за некои прашања во согласност со договорот меѓу претходникот на Бесими, Теута Арифи со поранешниот грчки вицепремиер Теодорос Пангалос“. Досега имало и две средби на технократско ниво меѓу двете страни, потсетува грчкиот весник.