1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Атина сите на улица

Учители, лекари и воени лица денеска штрајкуваат во Грција против планираното намалување на платите. Во исто време, и сите општини во Грција до утре остануваат со затворени врати заради намалено финансирање.

Лекарите од болниците прогласија 24-часовен штрајк, најавувајќи дека од 17 септември во нивниот протест ќе се вклучат сите државни болници. Продолжуваат и протестите на фармацевтите заради неисплатените обврски од страна на државата и намерата на владата да го либерализира пазарот.

Ден по првото училишно ѕвонче и учителите почнуваат 24-часовен штрајк. Во текот на денот е планиран нивен протестот во центарот на Атина. Професорите во високите институти штрајкуваат од петокот. Синдикатот на државните службеници АДЕДИ прогласи тричасовно запирање на работата, за да им го олесни учеството во протестите на вработените во секторот образование.

Денеска попладне на демонстрации во Атина се собираат и воени лица ќе се соберат на демонстрации во Атина денеска попладне. Сите општини во Грција и денеска и утре остануваат со затворени врати заради намалено финансирање.

Грчката влада вчера соопшти дека е решена да ги испочитува преземените обврски и да го забрза заздравувањето на економијата. Такво ветување даде грчкиот премиер Андонис Самарас на средба во Франкфурт со претседателот на Европската централна банка Марио Драги. Според грчкиот премиер, Драги го признал напредокот, одбележан од Грција. Сепак, во соопштението од ЕЦБ ја потсетија Грција дека „пред неа стојат уште големи предизвици“.