1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во Атина денеска средба Пангалос- Арифи

Заменик претседателката на македонската влада задолжена за европски прашања Теута Арифи денеска во Атина треба да оддржи разговори со грчкиот вицепремиер Теодорос Пангалос.

default

Арифи ја иницираше средбата со Пангалос во септември минатата година

Средбата меѓу вицепремиерите на Македонија и на Грција, првично најавена за декември, еднаш беше одложена од грчка страна, со барање за дополнително време за нејзина подготовка.

Der ehemaligen Grieschischen Aussenminister Theodoros Pangalos

Средбата меѓу Пангалос и Арифи ќе биде прв официјален контакт меѓу претставници од двете земји по формирањето на привремената грчка влада

Вицепремиерката Арифи ја иницираше средбата во писмо испратено до Пангалос на 1-ви септември минатата година. Во писмото до грчкиот вицепремиер, како што тогаш информираше Арифи, се содржани идеи за соработка, во функција на балкански регион без предрасуди, ориентиран кон европска иднина.

Се очекува Арифи и Пангалос да разговараат за билатералните односи, како и за очекувањата на Македонија за деблокирање на нејзината интерграција во НАТО и ЕУ, по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Средбата на Арифи со нејзиниот грчки колега ќе биде прв официјален контакт меѓу владини претставници на двете земји по формирањето на привремената влада на национално единство на Грција.

Автор: СН/ АМ/ миа/ макфакс

Редактор: А. Трајковска