1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Во Анкара криза - Ердоган во Берлин

Посетата на турскиот премиер на Берлин доаѓа во момент на зголемени политички тензии во Турција. Опозицијата го обвинува Ердоган дека стреми кон власт, со која сите демократски контролни инстанци ќе бидат вон сила.

Ретко кога локални избори ја држеле Турција до таа мера под тензија. Толку напнатo, како сегашнaва, досега протекле само малку предизборни фази, пишува колумнистот Сулејман Сејфи Огун за вчерашното (3.02) издание на весникот „Јени Шафак“, близок до владата. На 30. март Турците ќе избираат нови градоначалници и локални парламенти, но истовремено ќе одлучат за многу повеќе. Станува збор за политичко одмерување на силите за јасно да се види дали премиерот Ердоган е доволно силен, за летово да настапи како кандидат за функцијата претседател.

Оваа констелација им дава поинаква тежина на локалните избори. Владејачката партија АКП на Ердоган се стреми кон просек во целата земја од 40 проценти гласови; тоа би било исто толку колку и на претходните два циклуси локални избори. Според една анкета на весникот „Заман“, којшто е критички настроен кон Ердоган, објавена во понеделникот (3.02), АКП на 30. март може да очекува црвен картон од избирачите. Освен тоа, Ердоган - како потенцијален претседател, ни оддалеку не бил толку омилен, како актуелниот вршител на должноста Абдула Ѓул. Анкетите од владејачкиот табор меѓутоа даваат многу поповолна слика за Ердоган.

Ердоган сака да ја убеди Меркел во заговор

USA Türkei Islam Fethullah Gülen

Движењето на Фејтула Ѓулен е виновно, тврди Ердоган

Тоа што предизборното расположение во моментов е посебно жешко, е и поради обвинувањата за корупција против владата на Ердоган. Премиерот ги отфрла обвинувањата како заговор на „Хизмет“ - движењето на исламистичкиот проповедник Фејтула Ѓулен. Ваквото толкување Ердоган најеверојатно ќе го презентира и на неговата средба со канцеларката Ангела Меркел денеска (4.02.) во Берлин.

Меѓу дипломатите и набљудувачите може да се слушне дека премиерот во Берлин најверојатно ќе наиде на одредена скепса. Еден западен претставник во Турција за Дојче веле рече дека Ердоган, слично како и при неговите неодамнешни разговори со високи претставници на ЕУ во Брисел, би можел да се обиде да ја убеди канцеларката во постоење на Ѓулен-заговор. Не е за очекување дека Меркел ќе биде импонирана од тоа. Сахин Алпај, политиколог и колумнист во весникот „Заман“, кој припаѓа на движењето Ѓулен, вели дека не верува оти канцеларката ќе потпадне под теоритиите на заговор на Ердоган. Неговата реакција на корупцискиот скандал - принудното преместување на илјадници полицајци - во ЕУ предизвика голема загриженост.

Гези-процес и интернет-закон

Prozess gegen Polizisten in Kayseri 03.02.2014

Опозицијата се сомнева дека државата ќе ги штити осомничените полицајци за убиство

Но, корупцискиот скандал не е единствениот кој ги подгрева тензиите. Неколку часови пред Ердоган да замине за Берлин во понеделникот започна судскиот процес против четворица полицајци, кои се обвинети дека биле виновни за смртта на еден млад учесник на минатогодишните демонстрации за паркот Гези, кои беа критички настроени кон владата. Четворицата полицајци во цивилна облека, при демонстрациите во западнотурскиот Ескисехир, до таа мера со гумени палки го претепале 19-годишниот студент Али Исмаил Коркмаз, што тој подоцна им подлегна на повредите. Коркмаз беше еден од шестемина кои го загубија животот во немирите, кои од Ердоган беа оцрнети како дело на „ограбувачи“. Противниците на владата стравуваат дека државата ќе ги заштити полицајците од тешки казни.

Besuch des türkischen Premiers Tahib Erdogan bei der EU-Kommission

ЕУ и Турција не влечат на иста страна?! Ердоган наместо во дводневна, беше во двочасовна посета на Брисел

Како сето ова да не е доволно, па згора на се‘ доаѓаат и обвинувањата на опозицијата дека владата на Ердоган со еден нов закон за интернет сака да ги легализира цензурата и самоволието. Законот, со помош на гласовите на пратениците на мнозинската АКП-партија, најверојатно во текот на неделава треба да биде усвоен во парламентот. Тој предвидува и блокирање на интернет страници без судска одлука и по налог на владата. Ова се образложува со неопходноста да се заштитат личните права на интернет. Опозиционата партија ЦХП меѓутоа говори за „интернет-пуч“. Владата западнала во паника поради престојните избори и лошите резултати на анкетите.

Апели до претседателот Ѓул

Поради политичките тензии во фокусот сѐ повеќе паѓа претседателот Ѓул. Фондацијата за новинари и автори, најважниот застапник на Ѓулен-движењето во Турција во понеделникот апелираше до претседателот на државата да ги сопре нападите на владата. Други критичари на Ердоган се надеваат дека Ѓул ќе стави вето на спорниот закон за интернет и на тој начин ќе ѝ ги покаже границите на владата.

Ѓул, кој е долгогодишен познаник на премиерот, во изминатите недели повеќе пати навести дека не го одобрува курсот на Ердоган. Досега Ѓул, познат како реформатор и приврзаник на ЕУ, одбегнуваше отворена конфронтација со Ердоган. Но, постои можност ова наскоро да не може повеќе да се одбегне. И по посетата на Ердоган на Берлин, атмосферата во Турција најверојатно ќе остане затегната.